Вести
Двојно зголемен бројот на разводи во Гостивар

Годината што изминува во Гостивар ја одбележува тренд на драматичен пораст на постапките за разводи. Податоците на социјалните служби покажуваат двојно зголемување на бројката на бракови во распаѓање. Споредбите во статистиката се загрижувачки..
„Се повеќе се зголемува бројот на парови со пореметени брачни односи и постапките за развод. Ако пред неколку години имаше по 80-тина разводи на годишно ниво, од почетокот на 2017-та, па до сега ги има околу 120“, изјави Надица Величкоска, директор на Центар за социјална работа во Гостивар.
Брачните проблеми и постапките за развод се почести меѓу младите парови. Стручните служби во Советувалиштето за брак и семејство во Гостивар сметаат дека младите немаат трпение и волја да разговараат за проблемите и да вложат труд во нивно надминување. Така, кризите во комуникацијата и односите завршуваат со целосно распаѓање на брачната заедница.
Личната нетрпеливост е меѓу водечките причини за покренување постапка за развод, партнерите не сакаат да најдат заеднички јазик и не соработуваат, велат социјалните служби.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден