Поврзи се со нас

Гостивар

Двојно зголемен бројот на спонтани абортуси во Гостивар

Објавено

на

Драстичен пораст на спонтаните абортуси минатата година бележат гинеколозите во Гостивар. Речиси двојно повеќе трудници несакано ги загубиле бебињата, споредено со 2019-та. Ковид пандемијата има најголемо влијание врз ваквите црни резултати, сметаат лекарите. Нередовните прегледи поради страв од вирусот, стресот, па и самата болест ги наведуваат како едни од најчестите причини за спонтаните абортуси.

„Имаме зголемување на спонтаните абортуси, речиси двојно повеќе. Тоа се должи најверојатно на непосетување редовно матични гинеколози поради страв од ковид, има случаи и кога самите пациентки заболеле од ковид, целиот стрес од пандемијата и слично. Има повеќе причини, но факт е дека порастот на спонтаните аборти е голем“, рече д-р Агим Јакупи, раководител на гинекологија во Гостивар.

Податоците од гиеколошко-акушерското одделение во гостиварската болница покажуваат дека претходно се регистрирале по 30-тина спонтани абортуси на годишно ниво. Лани таа бројка надминала 55. Возраста на трудниците обично се смета за ризик фактор, но во ланските случаи не била потврдена поврзаност. „Кај повозрасни пациентки ризикот од спонтан абортус е поголем, но сепак не може да кажамеме дека така било во сите случаи, нема такво правило“, вели д-р Јакупи.

Контролите кај матичните гинеколози, трудниците би требало да ги прават редовно еднаш месечно. Контролните прегледи се особено важни за жените со ризична бременост, нагласуваат лекарите.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 2 недели

Потресувачки случај на самоповреда и напад во семејство во гостиварско, четири лица пренесени во болница

Гостиварпред 2 недели

Филмско разбојништво во атар на Чегране, украдени над 500 кг. марихуана од фабрика за канабис

Гостиварпред 2 недели

Гостиварката Тамара со број 6, почна гласањето за Јуниор Евросонг

Гостиварпред 4 недели

Во еден по полноќ во Гостивар приведена девојка оти нарушила ред и мир

Гостиварпред 2 недели

Лишен од слобода 51-годишен гостиварец поради физички напад врз неговата вонбрачна партнерка

Гостиварпред 4 недели

Тамара Грујеска во пресрет на Јуниорски Евросонг: Со нетрпение го чекам настапот во Ница, ќе дадам максимум од себе

Гостиварпред 4 дена

Изменет режим на сообраќај на патот Тетово-Гостивар, ќе трае 6 месеци

Гостиварпред 1 недела

Семејна драма во гостиварско: Родителите се расправале, па синот го повредил таткото со нож

Спортпред 2 часа

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 5 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 6 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена