Анализите на водата од градскиот водовод што ги направи подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гостивар, покажуваат заматеност, двојно повисока од дозволените граници. Се‘ уште важи забраната за пиење на водата. Микробиолошката исправност се во рамки на нормалата, што значи дека бактерии во водата нема. Заматеноста се појави како последица на последните обилни врнежи од дожд што го зафатија регионот.
„По епидемиолошки индикации направивме анализи на водата во градскиот водовод во Гостивар, со земање на примероци од 8 мерни места. Резултатите покажаа дека има заматеност на водата и тоа е од обилните врнежи од дожд. Се надеваме дека состојбата во наредните денови ќе се стабилизира. Микробиолошките анализи се добри, бактериска загаденост нема. Проблем е заматеноста и затоа препорачуваме граѓаните да не ја пијат водата. И во селата направивме анализи на водата и таму состојбата е слична, значи потврдена е заматеност и водата не се препорачува за пиење.“, рече д-р Берун Мустафа од Центар за јавно здравје во Гостивар.
За да биде може повторно да се дозволи за пиење водата, треба да се добијат три последователни резултати од анализи со параметри кои одговараат на законски пропишаните.
И во последниот извештај на Центарот за управување со кризи пренесуваат дека ЈКП Комуналец известува дека се забранува употреба на водата од градскиот водовод за пиење во градот Гостивар и околните села.