Поврзи се со нас

Живот

Дворот на Василески во Гостивар е рај за очи и душа! Уникатно катче кое дише со љубов и внимание

Објавено

на

Нема човек кој би останал рамнодушен на комплетната убавина што ќе го дочека во дворот од семејната куќа на Василески во Гостивар. На секој чекор уникатни декорации, повеќето рачно изработени, дел купени, но грижливо одбрани, па цвеќе со кое секој домаќин би се гордеел, детали кои совршено го оплеменуваат просторот…

Едноставно, атмосфера во која се‘ се спојува со природата и е во служба на убавината и пријатноста. А освен естетика, местото проткајува и интересни приказни, испреплетени со емоции и традиција.

Токму заради таа автентичност, Gostivarpress.mk го посети семејството во 6 Зона и поразговара со брачниот пар Богица и Боби за нивната пасија кон уредувањето на дворот, изработување на украсни елементи, колекционерство на антиквитети…

Соодветно на сезоната, нивниот двор периодов раскажува есенска бајка.

„Уште од мали нозе сум сакала да се занимавам со креативни активности, плетам, правам изработки, уживам додека работам на декорирање, а исто така моја голема љубов се и цвеќињата. Ете, за среќа со сопругот ја делиме страста кон креативните работи и едноставно се надополнуваме, омилен начин да го поминуваме слободното време ни е во уредување на дворот. Сега имаме есенска тема, со тикви, пченки, костени, есенски цвеќиња-хризантеми, сето тоа се трудиме да го вклопиме во боите и амбиентот што личат на ова годишно време. Идеите најмногу доаѓаат сами по себе, некогаш се инспирираме од некој пример од социјалните мрежи“, вели Богица, инаку одделенски наставник во училиштето во гостиварско Тумчевиште. Таа секојдневно издвојува час-два за грижа за цвеќињата, ги наводнува, негува, кога треба ги пресадува…

Вниманието во бајковитиот двор секако го задржуваат ветерницата изработена од рециклиран материјал, вовчето и куќичката за птици од дрво, бурињата…Тие се мајсторлук на Боби.

„Конкретно ветерницата ја изработив од рециклираната пластика, набавена од странство. Ја имаме веќе три години, стои надвор, изложена е на секакви временски услови и еве дури сега ќе треба нешто да се обнови, заштити. Инаку, порано се занимавав со столарија, па оттаму љубовта кон изработување, сум се учел сам, занаетот го знам, интернетот е чудо, може се‘ да видиш, но и ако е човек креативен и има желба може да се измисли многу работи и да си направи. Си обликувам по мое многу работи.“, кажа Боби.

Семејството си има традиција да го уредува дворот повеќепати во годината, со мотиви и цвеќе според тековната сезона. Во тоа помагаат и уживаат и нивните три деца, а посебни моменти на релаксирање на сите им се оние кои ги минуваат во летниковецот, кој пак е посебна приказна за себе.

Тој е дом на многу ретки предмети, во етно стил и антиквитети како радија, телевизор, часовници, ковчег со посебно емотивно значење.

„Многу од овие предмети се од прабаба, од прадедо, и носат голема емотивна вредност.“, ни откри Боби, кој ни објасни и дека телевизорот затворен со вратички кои се заклучуваат, всушност има значење дека во минатото само најстариот член од семејството ги чувал клучот, и можело да се гледа ТВ само ако тој дозволи, односно отклучи.

Фотографиите зборуваат сами за себе за убавината и мирот што дворот на ова гостиварско семејство ги дава, а Василески имаат порака што се надеваат ќе допре до сите:

„Луѓето да се држат до идејата што им причинува задоволство, тоа е вистинското кога  нешто со мерак го правиш, тогаш е и успешно. Луѓето да се оттргнат од политика, од лоши вести, од лоши работи што се случуваат во светот и да си направат еден свој свет што ќе им причинува задоволство“ .

Нашите добри домаќини уште сега ги прават плановите за изгледот и уредувањето на дворот за следната сезона, со голем жар и ентузијазам како и за секој свој таков проект.

Сподели ја веста:
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Левица: Билјана Ванковска собра 10.000 потписи за претседателската кандидатура

Здравје и убавинапред 9 часа

Промени во и околу очите кои укажуваат на проблеми со срцето

Македонијапред 10 часа

Во градежништвото најмногу слободни работни места

Македонијапред 11 часа

Извршителите не ја почитуваат одредбата за застареност на долговите

Гостиварпред 12 часа

Бочварски во Гостивар: Граѓаните заслужуваат подобри и модерни патишта кои исто време ќе бидат и во функција на бизнисот

Македонијапред 14 часа

„Ова е неприродна ситуација и сериозен проблем“ – Зибери за состојбата со личните документи

Македонијапред 14 часа

Заврши мерката „гарантирана цена“ – Најавени засилени инспекции, но се бара и совест од трговците

Гостиварпред 16 часа

Очекуваме автопатот од Коридор 8 да биде готов во 2027-ма, изјави Џафери

Гостиварпред 17 часа

Џафери најави средба со жителите на Бањица за нивните барања околу експропријацијата за автопатот

Гостиварпред 2 недели

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

Македонијапред 3 недели

Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок

Што, како, каде?!пред 4 недели

Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!

Македонијапред 3 недели

Граѓаните затекнати во странство по 12 февруари со стари пасоши, ќе можат да се вратат со патен лист

Гостиварпред 4 недели

Таравари: Куршумот најден пред мојот дом е со јасна заканувачка мафијашка порака

Гостиварпред 2 недели

Велјаноски: Одлуката за вработување во гостиварската болница е противзаконска, прекршителите да бидат повикани на одговорност

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар можни прекини на водата и намален притисок поради пуштање во употреба на нов резервоар

Гостиварпред 4 недели

Пред влезната врата од куќата на Таравари оставен куршум

Гостиварпред 5 дена

Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис

Гостиварпред 1 месец

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 2 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 3 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 3 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 6 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 6 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 7 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 7 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 7 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Огласи за вработување:

- Клуб Спорт 77
- Млекара Маврово с.Ижиште
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена