Гостивар
Дворовите на училиштата во Гостивар отворени за бесплатно паркирање

Дворните места на основните и средни училишта во Гостивар ќе се користат како паркинг простор, соопшти Секторот за внатрешни работи. Истото ќе се практикува и во дворовите на неколку училишта во Тетово. Овој чекор е преземен за да се овозможи нормален и проточен сообраќај во летниот период, кога со доаѓањето на печалбарите во родните краишта, се зголемува и фреквенцијата во сообраќајот на полошкото подрачје.
„Секторот за внатрешни работи Тетово, во соработка со општините Тетово и Гостивар, како привремени паркинг простори, ќе ги пушти во употреба дворовите на училиштата на местата каде што има зголемена фрекфенција во сообраќајот. Во градското подрачје на Тетово граѓаните нивните возила можат да ги паркират во дворовите на средното училиште ,,Кирил Пејчиновиќ“, -Гимназија, кај старото медицинско училиште, како и кај основното училиште ,,Истикбал“. Во Гостивар, за оваа намена, привремено се ослободени за паркирање дворовите на сите основни и средни училишта, кои се наоѓаат во градот.“, наведуваат од полицијата.
СВР Тетово испрати апел до возачите, да ги користат овие привремени паркинг простори и возила да не ги паркираат каде што ќе стигнат, да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, за да се овозможи нормален тек на сообраќајот. Казните за погрешно и непрописно паркирање се движат од 20 до 180 евра во денарска противвредност или порамнување со негативни поени.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар