Поврзи се со нас

Македонија

ДЗР: Учесниците во изборната кампања да достават Извештај за трошоците

Објавено

на

Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги известува сите учесници во изборната кампања дека се должни во рок од 20 дена од денот на настапување на предизборниот молк за првиот круг, односно до 4 ноември 2021 година, да поднесат Извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до завршувањето на првиот изборен круг.

Извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до завршувањето на првиот изборен круг треба да се достави до архивата на Државниот завод за ревизија или по електронски пат на службената електронска адреса на ДЗР: dzr@dzr.gov.mk испратен од меил адресата на учесникот во изборната кампања што е регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Правилникот е објавен и на официјалната веб страница на Државниот завод за ревизија www.dzr.mk, во табот Локални избори 2021, во подтаб законски акти на следниов линк:  https://dzr.mk/sites/default/files/2021-09/Pravilnik_za_%20izmenuvanje_%20na_Prav_izveshtaj_IK.pdf

-Напоменуваме дека согласно член 177-а став 4 од Изборниот законик Државниот завод за ревизија има надлежност да достави предлог до Државната изборна комисија за донесување Одлука за забрана (суспензија) на исплатата на надоместокот на трошоците за финансирање на изборната кампања за локалните избори за 2021 година кои се исплаќаат од Буџетот на Република Северна Македонија на учесниците во изборната кампања кои нема да ги испочитуваат одредбите од член 84-б став 1 од Изборниот законик односно нема да ги достават горенаведениот извештај во пропишаниот рок и содржина до Државниот завод за ревизија. Исто така,  согласно одредбите од член 189 став 4 од наведениот Закон пропишана е Глоба во износ од 9.000 евра во денарска противвредност која ќе им се изрече за прекршок на политичка партија, коалиција односно независен кандидат ако не поднесат извештај за финансирање на изборната кампања во предвидениот рок од членот 84-б од Изборниот законик, потсетува ДЗР

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена