Поврзи се со нас

Македонија

ДЗР утврди неправилности во Министерството за култура: Милиони денари исплатени за проекти, без јасно дефинирани критериуми

Објавено

на

    Во објавените конечни ревизорски извештаи на Државниот завод за ревизија за Министерството за култура, се посочува дека се утврдени состојби, неправилности и неусогласености кои влијаат на издаденото неповолно мислење во однос на реалноста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставените политики.

    Во однос на евидентираниот книжен фонд на Министерството, во соопштението од ДЗР се наведува дека со извршената ревизија утврдено е дека потекнува од 17 капитални проекти за печатење книги реализирани помеѓу 2009 и 2019 година, во вкупен износ од 408.123 илјади денари и вклучува 686.318 примероци. Поради непостоење на план за дистрибуција на отпечатените и не дистрибуираните книги, се создава значителен проблем со сместувањето на оваа голема количина, дополнително усложнет од недостигот на интерес од државните институции за преземање на книгите поради исполнетост на нивните капацитети. Исто така, не е извршен попис за утврдување на фактичката состојба, како во однос на бројот на книги, така и за условите во кои тие се чуваат, што може да доведе до оштетување на истите.

    Во однос на остварувањето на приоритетите за развој и унапредување на културата, констатирано е дека последната усвоена Национална стратегија за развој на културата од Собранието го покрива периодот 2018-2022 година, оставајќи ги активностите за 2023 година, предмет на актуелната ревизија, без јасни насоки. Министерството нема донесено годишен план ниту за претходниот период, ниту за 2023 година, што е нотирано и во претходните ревизорски извештаи.

    -Недостигот на долгорочна стратегија за развој на културата доведува до општи поставени приоритети и создава предизвици во планирањето на културните активности. Во декември 2023 година Владата усвои нова Национална стратегија за културата за периодот 2023-2028 година, но истата не е усвоена од Собранието, се наведува во извештајот.

    Со ревизијата констатирани биле недостатоци во распределбата на средствата за културни проекти, која се врши преку Годишен конкурс согласно Законот за култура. Констатирано е дека не постојат јасни квалификации за членови на комисиите, приоритетите во конкурсите често се општи и не се темелат на долгорочни политики, а критериумите за оценка на проектите не се строго дефинирани, што создава простор за субјективизам, некомпетентно именување на членови и неправилно категоризирање на проектите. Овие недостатоци доведуваат до недоволно квалитетна распределба на средства, а комисиите бодуваат проекти без конкретни насоки и без мерила за негативно бодување на неуспешни автори.

    -Во 2023 година, Министерството за култура исплатило вкупно 318.152 илјади денари за одобрени проекти на други корисници, што ја нагласува итната потреба за јасни правила и критериуми во распределбата на средствата. И покрај приоритетот за реформи во оваа област, предлогот за нов закон, кој би можел да го подобри системот, сè уште не е усвоен, се наведува во соопштението во кое е даден и подетален табеларен преглед по секоја дејност од областа на културата на други корисници поединечно.

    Во рамките на Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2023 година, Министерството за култура поддржало 74 од 185 апликации за интердисциплинарни проекти, што претставува 40% од предлозите, со вкупна исплата од 22.185
    илјади денари. И покрај тоа што интердисциплинарната дејност не е формално дефинирана во Законот за култура, Министерството продолжува да финансира проекти надвор од утврдените категории, што не е во согласност со Законот за културата. Поради финансиски договори кои дозволуваат финансирање на повеќе од два проекти од едно правно лице, како и недостигот на целосна документација и евалуација за измените на договорите, се загрозува транспарентноста и правичноста во распределбата на средствата. Овие недостатоци отвораат простор за неправилности и фаворизирање на одредени проекти во интердисциплинарните активности.

    Во ревизроскиоит извештај се нотира дека се утврдени слабости и во распределбата на средствата за проекти од национален интерес, особено во меѓународната културна соработка, кои укажуваат на недостаток на транспарентност. Дел од исплатените средства за проекти не се доделени преку редовни конкурси, а некои правни лица добиле поддршка над лимитот од четири проекти, што го нарушува почитувањето на утврдените услови.

    Со ревизијата, констатирани се слабости и во евидентирањето на средствата и проектната документација за капитални објекти во периодот од 2012 до 2023 година. Покрај тоа, констатирано е дека единицата за внатрешна ревизија не е формирана, односно отсуствува разумно уверување за функционирањето на финансиското управување и контроли (ФУК). Дополнително, утврдени се исплати на надоместоци без законска основа, како и пропусти во две јавни набавки во вкупен износ од 18.455.000 денари. Овие пропусти можат негативно да влијаат
    на конкуренцијата и да го нарушат принципот на еднаквиот третман на економските оператори, се заклучува во конечните ревизорски извештаи на Министерството за култура, објавени од ДЗР.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена