Македонија
ДЗС пресмета 31.407 просечна плата, Владата се пофали: Растот е резултат на економските мерки и политики
Согласно податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна нето-плата во мај 2022 година по вработен изнесува 31.407 денари, што е за 2.686 денари повеќе во однос на истиот месец лани или за 9,4%.
Согласно статистика, ваквото зголемување се должи пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19.7 %), Уметност, забава и рекреација (16.1 %) и Преработувачка индустрија (14.3 %).
„Континуираното зголемување на просечната нето-плата во земјата е резултат и на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата, која изнесува 18.000 денари. Споредено со мај 2017 година кога просечната нето-плата била 22.889 денари, во мај годинава е зголемена за 8.518 денари и изнесува 31.407 денари. Владата продолжува со креирање на мерки и на амбиент за повисоки стапки на економски раст и унапредување на животниот стандард на граѓаните како и особена поддршка во услови на криза. Остануваме посветени на растот на приходите и поддршка на сите граѓани. Покачувањето на платите, покачувањето на пензиите, покачувањето на стандардот на граѓаните е она на што Владата и понатаму посветено ќе работи.“, соопшти владината прес служба.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград