Еден ден со..
ЕДЕН ДЕН СО: Јордан Џејмс Ивановски, пејач
Музиката и фудбалот во крвта – ќеркичката го диктира секојдневното темпо
Утрински ритуали и навики
Ги има премалку. Во суштина, големата шоља со кафе која што ме чека на масата како и чепкањето по музички, комични и спортски портали низ телефонот повеќе ми претставува ритуал отколку навика, а уште помалку утринска, поради фактот што некогаш денот ми започнува во 7 часот наутро, а некогаш и во 7 часот приквечер, што ја отсликува мојата навика, а во последно време како навика ми се јавува и дремењето пред телевизор со ќеркичката и со нејзините пријатели како Маша и Медо, Гарфилд итн. Утринската навика за мене е секој можен час во деноноќието и за мене секогаш ритуалите се константни, а навиките варијабилни односно флексибилни.
Музиката налага специфично секојдневно темпо. Како ти поминува едно вообичаено деноноќие?
Јас би рекол секој ден – посебна енигма, никој не би знаел утре како ќе се чувствува, особено кога живееме во доста динамично време исполнето со толку убави нешта и со толку големи глупости. Во текот на еден ден гледам да ги избегнувам токму тие глупости и да се насочам кон убавите нешта, позитивните работи. Кога човек работи доста активно, конкретно јас со мојот бенд, навистина нема што друго да издвои во текот на еден ден бидејќи некогаш знаеме да сме на работа и преку 15 часа, говорам за фактот што последниов период на пример, знаеме да имаме дневна свирка во Гостивар или Скопје, а вечерна во Битола или Гевгелија, но вистината се крие токму во првиот дел на прашањево. Музиката навистина креира специфично темпо на живеење која преку својот ритам дарува некаков позитивен непоимлив адреналин.
Со што го исполнуваш слободното време?
Спорт, музика, филм, концерти, компјутери… Музиката и фудбалот ми се животна пасија, но да не ги занемарам тука и останатите спортови како тенисот, кошарката, ракометот. Исто така, кога навистина сум слободен можам комотно цел еден ден да гледам филмови два дена 🙂 А последниве две години претежно гледам да си го исполнувам своето слободно време со мојата најголема животна радост, ќерката Анастасија низ прошетки, кафичи, летувања, зимувања и есенувања 🙂
Во која музика најмногу се пронаоѓаш како пејач?
Во хевифолкот и турбометалот 🙂 Секако дека најблизок жанр на музика ми е поп – рокот, а и таму ми е местото, но мислам дека не постои музички жанр кој е лош или добар. Постои песна која е создадена за 1 ден и албум создаден за половина месец, како и песна која е правена со месеци. Нормално, увото ќе го оцени тоа дали е вредно за слушање или не е, односно начинот на кој вашиот ум ќе ја перцепцира самата песна ( мојот ум едно вели во песната на Мара и Лоле “Тресе ми се Лада” , а далеку друго кај Тоше во “Игри без граници”) што значи постојат песни, изведувачи и бендови кои имаат моментално планетарно – универзумска популарност и за краток период исчезнуваат, а постојат и такви кои никогаш нема да згаснат). Јас се пронаоѓам во овие вторите.
Какво е чувството да добиеш прекар по едно големо име како што е фронтменот на Металика?
Чувството е навистина неописливо големо, како и Металика. Не постои човек на земјинава топка што не слушнал за Металика. Прекарот “Џејмс” го добив од рани години, кога се собиравме во паркови и свиревме, пеевме од самрак до зори а паркот навистина го правевме голем, што од машки што од женски. Па ќе ни дојдеше и по некој “шабан” да ни ја нарача “Nothing else matters”, зошто само таа ја знаеше од нив и таа му била најомилената песна од тој бенд. Мислим…. шта речи!!!
Откриј ни некоја твоја дамнешна неисполнета желба
Па искрено не сум човек кој што има многу желби и кој што сонува за некакви исполнувања, ете како од мал ако тоа би се сметало за желба, макар мислам дека повеќе е фантазија би измислил временска машина со која би патувал како во минатото така и во иднината, ме интересирала историјата не како наука туку како предизвик, а ете штом спомнав патувања, заљубен сум во патувањето со воз и би патувал насекаде низ светов до каде што води железничката мрежа.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 1 месец
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Рецептипред 2 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар