Поврзи се со нас

Еден ден со..

ЕДЕН ДЕН СО: Мирослав Попоски, менаџер

Објавено

на

„Животот е убав и секоја минута треба да се искористи максимално“

Кои се твоите утрински ритуали и навики?

– Се будам баш рано, околу 5 часот… малку спијам, ама таа навика ја имам од дете… и не се жалам, супер ми е… имам време за се… плус спомени од спиење нема… инаку многу често се будиме заедно со ќерка ми Нина која има 11 месеци и си играме со нејзе додека не се разбуди жена ми… после тоа следуваат редовните утрински ритуали: туш, кафе, средување за работа… најважно го обожавам утрото како дел од денот…

Како ти поминува работниот дел од денот?

– Работата ме окупира во поголемиот дел од денот… водам фамилијарна фирма со традиција од 27 години и се трудам да си ги завршувам своите работни обврски на време… поради потребите на работењето често сум на пат и по објекти, но сето тоа е нешто што јас го сакам и со љубов го работам…

Со што го исполнуваш слободното време?

– Во принцип немам премногу слободно време, но секоја секунда ја користам да ја поминам со децата… Нина е мала и со нејзе најчесто дома проаѓаме убаво време заедно, а Стефан има скоро 12 години и е доста активен на повеќе полиња, а највеќе во ФК Работнички каде долго тренира… освен тоа сакам да погледнам некој добар филм, да седнам во кафанче со пријатели, да отидам на некое интересно патување. Многу сакам спорт и да гледам спортски натпревари, до сега сум присуствувал на повеќе од 600 натпревари и сум ја подржувал македонската репрезентација на сите европски и светски првенства.

Според тебе, кој е наjдобриот начин за релаксациjа?

– Она што го наведов во претходниот одговор само логично се надоврзува на ова прашање… највеќе ме релаксира времето поминато со моето семејство, но читање на квалитетна книга, истражување на интернет, комуникација и дружење со многу мои пријатели во Македонија и надвор од неа и секако пратење голем број спортски натпревари како и рекреативен спорт и посета на интересни и несекојдневни дестинации ме опуштаат максимално…

Патување што ќе го паметиш цел живот е…

– Искрено многу патувам и сакам да посетувам интересни места… посетувам и другари кои живеат во други земји… многу интересни и необични случки ми се случувале на истите… ама ако морам да издвојам интересно патување би биле неколку – Јапонија со Малезија, Америка со попатно дел од Европа и остварување на дел од моите соништа во една недела – Пирамидите во Египет и недела дена пред тоа следење на Бели Ноќи на Исланд… секако многу нови дестинации ми се во план – Аргентина, Русија, Хаваи…

Која е твојата животна филозофија?

– Моето животно мото и филозофија е “Живеј го секој ден како да е последен”… поентата ми е дека секој ден треба да се доживува со нова енергија, секоја минута да се користи максимално зашто животот е убав и пружа многу убавини…

На светот му недостига…

– Светот е навистина прекрасен за живеење… а му фали малку повеќе љубов, разбирање, толеранција помеѓу луѓето… секако и помалку алчност зашто сите сме гости на овој прекрасен свет…

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена