Поврзи се со нас

Еден ден со..

ЕДЕН ДЕН СО: Роберт Димитриевски – Бато, кошаркар

Објавено

на

„Неостварените желби ме мотивираат да напредувам“

 

 Утрински ритуали и навики

Сите ја знаете поговорката ‘’Денот по утрото се познава’’ која што е навистина точна. Некои посебни  утрински ритуали додека сум дома немам, но како навики  коишто можам да ги издвојам се слушање на музика, пропратено со внесување на првилен појадок кој помага во започнувањето на метаболизмот и тренингот кој ме очекува, но и го намалува гладот и ја зголемува енергијата во текот на денот. Во викендите, исто така станувам рано и утринско кафе преферирам да го пијам во друштво со другарите.

Активности и обврски во работниот дел од денот

Во попладневните часови преминувам  кон подготовка на секојдневите тренинзи кои се со намален интезитет од вообичаено. Кога кошаркарската сезона е завршена, теретаната е местото коешто го посетувам за да се одржам во форма. Кога се сака, се` се може. Во овие летни денови внимавам да внесувам повеќе течности и овошје за време на тренингот и по завршувањето.

Исполнување на слободното време

Слободното време најчесто го исполнувам со другарите на кафе и во шетање. Сепак кога почнува кошаркарската сезона, професионалните обврски кон клубот упатуваат да сободното време најчесто го помиувам одмарајќи се или гледајќи некој добар филм.

Што ќе ни издвоите од листата на неостварени желби

Имам неостварени желби кои ме мотивираат да напредувам. Отсекогаш сум имал желба да посетам некоја дестинација како Куба, Бразил, Малдиви, како и скокање со подобран и пливање со делфин. Се надевам дека оваа година макар една од тие ќе ми биде исполнета.

Омилен начин на одмор и релаксација

Според мене омилен начин на одмор и релаксација подразбира добро друштво, плажа, пред тебе море или езеро со добра музика.

Што да очекуваме од КК Гостивар во новата сезона

Со оглед на тоа што после една деценија се враќа проволигашката кошарка во Гостивар, ќе се обидеме да го дадеме максимумот во сезоната која следи. Не очекува интересна сезона во која ќе дадеме се од себе за да имаме успех и повторно да заживее кошарката во Гостивар.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена