Поврзи се со нас

Еден ден со..

ЕДЕН ДЕН СО: Сарита Селмани, кореограф

Објавено

на

„Ќеифот и забавата се многу сериозна работа!“

Кои се твоите утрински ритуали и навики?

Утрото за мене е најубавиот дел од денот. Наутро се подготвувам ментално,емоционално и духовно за поефикасно и поенергично да ги извршувам моите физички активности во работниот дел од денот. Денот го започнувам со цеден лимон или грејпфрут и ѓумбир за повеќе енергија, здрав појадок со многу овошје и зеленчук и на крај кафе со сестра ми, музика и многу вода.

Како и со какви обврски ти поминува работниот дел од денот?

Бидејќи со работа почнуваме во попладневните часови, имам време да се подготвам и да дадам се од себе, за да создадам што попродуктивна и повесела атмосфера на час, иако самата работа со толку талентирани децa во денс студиото, како и толку позитивни и убави лица, членови во нашиот фитнессклуб, со кои доживуваме толку ‘WOW’ моменти на час ме инспирираат и ме полнат со толку љубов и благодарност што го прават мојот работен дел од денот воопшто да не се чувствува работно или под притисок.

Со што го исполнуваш слободното време?

Не верувам во слободно време, мислам дека целиот живот е слободен ако бидеме свесни за секој момент и во секој момент ја избираме слободата и секоја работа ја правиме со многу страст и посветеност. Надвор од студиото, омилено нешто ми е да правам ’ништо’, буквално празнење на мозокот и тоа во природа (парк, шума, планина или плажа) заедно со моите најдраги личности, зачинето со многу смеа и забава.

Kако го одржуваш и негуваш изгледот?

Со прифаќање на несовршениот изглед таков како што е се запознаваме со природата  и уникатноста што ја поседуваме во нас и тогаш точно знаеме што е потребно за негување и почитување на самите себе без да се споредуваме со другите и без да се трудиме да бидеме дел од лажно и скапо покривање на нашите недостатоци со цел да бидеме еднолични и “совршени”. Се што е штетно за природата е штетно и за нас, така да секоја година се повеќе и повеќе  природно ги исфрлувам и станувам свесна за сите лажни, синтетички и непотребни работи кои сум ги користела и конзумирала за се повеќе да се приближам до мојата посилна, побрза, посреќна и понезависна, сирова верзија од себе. Здрава внатрешна и надворешна исхрана, што помалку хемикалии, многу вода, цврст сон, многу сонце како и кршење на моите сопствени правила, без грижа на совест, е мојата тајна.

Твоето животно мото е…

Кеифот и забавата се многу сериозна работа ! 🙂

Место кое посакуваш да го посетиш…

Јапонија.

Кога не би се бавела со музика и танц, која професија би ја избрала?

Кога не би се бавела со музика и танц би чекала некоја политичка партија да ме вработи 🙂 Cум работела многу интересни и неинтересни работи кои ме довеле до тука каде што сум моментално. Верувам во трансформации и во тоа дека секогаш ке бидам under construction, не е чудно во иднина да станам нинџа, мојата голема неостварена желба хахаха..

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена