Поврзи се со нас

Вести

ЕДЕН ДЕН СО: Магдалена Пејчиноска, менаџер човечки ресурси во Монтенегро

Објавено

на

„Кога не би се занимавала со човечки ресурси би била форензичар“

Утрински ритуали и навики

Секое утро ми започнува пред се со јако турско кафе кое ми е неопходно за да се рассонам и да започнам со денот. Може да се каже утрински ритуал ми е пиењето на првото кафе во кругот на семејството. Утрото ми е омилено време за семеен разговор и за тоа како секој од нас си го испланирал денот и дневните обврски.

 Активности и обврски во работниот дел од денот

Прво што правам кога стигнувам на работа е проверка и одговарање на емајлови, селекција и анализа на апликации за вработување на потенцијални кандидати кои одговараат на квалификациите на работното место и потребите на компанијата. Моите работни обврски варираат во зависност од денот но главно денот ми е исполнет со повеќе интервјуа и состаноци во врска со нови вработувања или подобрување на веќе постоечките. Работењето со човечки ресурси бара постојана комуникација со луѓе и решавање на нивните секојдневни проблеми и прашања на работното место и затоа бара многу концентрација, толеранција и посветеност.

Со што го исполнуваш слободното време?

Слободното време го поминувам со моето семејство и пријателите и се обидувам колку што можам почесто да бидам со нив. Во слободните денови обично знам да отпатувам некаде во природа на чист воздух или да одгледам некој добар филм во домашна атмосфера.

Откриј ни нешто од листата на неостварени желби?

На листата на неостварени желби ми се неколку патувања и дестинации кои би сакала да ги посетам. Една од поголемите неостварени желби ми е да присуствувам на Карневалот во Рио де Жанеиро и одблиску да ја доживеам таа експлозија на култура, гламур, музика и танц.

Омилен начин на одмор и релаксација

Омилен начин и секојдневна релаксација ми се дефинитивно вечерните прошетки на кејот на Вардар или кафе дружење со пријателите. Патувањата ми се исто така совршен начин да ги наполнам батериите.

Кога не би се занимавала со ова што работиш, која професија би ја избрала? 

Кога не би се занимавала со човечки ресурси, дефинитивно би работела нешто во полето на форензиката или криминалната психологија.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена