Поврзи се со нас

Гостивар

ЕДЕН ДЕН СО: Вјоса Селими – Оддел за комуникации ЕВН Македонија

Објавено

на

    „Имам златно правило во животот за кое сум емоционално врзана“

    Кои се твоите утрински ритуали и навики?

    Станувањето рано ми е најважно, а веднаш потоа  правам план за дневните задачи, но секогаш со позитивни  мисли.  Верувам дека начинот на размислување во првите минути после будење го одредуваат текот на целиот ден.

    Се подготвувам за на работа секогаш придружена од музика. Ме привлекува едноставното и се обидувам да се придржувам кон тоа во сите области од животот. Се стремам да правам работи кои се практични, а кои истовремено ќе ме поттикнат и ќе ми дадат енергија. Во однос на исхраната го почитувам правилото секогаш да се јаде пред пиење кафе. Сметам дека секој од нас треба да го започне денот најмалку 2 часа пред првата работна средба или задача.

    Како тече еден твој работен ден?

    Многу често работниот ден ми започнува со телефонски повици. Исто така, често се случува да ми започне и пред да стигнам на работа. Функционирам во канцеларија, но и надвор, без фиксно работно време. Често се случува да работам и надвор од работното време. Кратко кажано, секој ден е различен.

    Природата на работата како портпарол наложува да се соочуваш со многу предизвици и непланирани работи во денот. Меѓутоа со тек на време тоа станува дел од рутината и се навикнуваш да работиш со таа динамика.

    Оваа работа бара фокус и внимание, а објаснувањата секогаш мора да бидат прецизни и јасни.

    Имам голема среќа што имам прекрасни колеги во одделот за Комуникации каде работам. Сите сме многу колегијални и меѓусебно си помагаме. Во одделот владее позитивна енергија и тоа уште повеќе ми помага во завршувањето на работните задачи.

    Најдобриот совет што си го добила во животот е…

    „Никогаш не заборавај дека ти си главниот лик во твојата животна приказна“ се мудрите зборови кои ми ги кажа мојот најценет колега и  пријател Атанас Ковачевски кој лани прерано не напушти.

    Тоа златно правило за кое сум емоционално врзана засекогаш ќе биде дел од мене и моите животни одлуки.

    Со што најмногу сакаш да го исполнуваш слободното време?

    Ме прави среќна дружењето со најблиските и пријателите/ките, па затоа најголемиот дел од слободното време се обидувам да го поминам со нив. Сакам да читам и да гледам филмови во кино.

    На што најмногу обрнуваш внимание во својот изглед?

    Најголемото внимание и нега ги добива мојата кожа, а на второ место доаѓаат веѓите и трепките. Секако дека тоа не е се, но ако треба да ги рангирам тие имаат предност. Долгата коса ми е само добра наследена генетика.

    Ми се допаѓаат само темните бои и најчесто носам таква облека. Да не заборавам да споменам, обожавам долги мантили.

    Каде се гледаш себе си за 10 години?

    За 10 години пред се се гледам со истиот борбен дух што отсекогаш сум го имала. Опкружена со најсаканите и уште пореализирана на професионален и приватен план.

    Како ковид пандемијата ти го промени животот?

    Пандемијата не натера да го цениме моментот и да се радуваме на сегашноста. Осетивме колку се важни нашите одлуки и дека еден ден ќе мора да се соочиме и да живееме со нив. Научивме дека здравјето е пред се и дека треба да ги отстраниме сите работи што негативно ни влијаат или ни прават да стагнираме во животот. Најважно е да се опкружиме со луѓе кои не сакаат и почитуваат, бидејќи само така ќе бидеме мотивирани за напредок.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 2 недели

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Гостиварпред 4 недели

    Прекин на водата утре во Гостивар, објави вечерва Комуналец

    Спортпред 4 недели

    Три злата и две бронзи за македонските борци на ММА турнир во Грција

    Рецептипред 4 недели

    Пролетна освежителна салата со јаболко и спанаќ

    Деца Родителипред 4 недели

    Шест корисни попладневни навики за децата кои одат во училиште и нивните родители

    Гостиварпред 3 недели

    Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска од Гостивар се зет и невеста на Галичка свадба 2025

    Спортпред 4 недели

    Ливерпул по 20-ти пат шампион на Англија

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Мајстор Рашит од Гостивар, прочуениот кројач со златни раце

    Писмапред 2 недели

    ПИСМА: Жители од зградите кај пазарот во Гостивар стравуваат од брзи возачи: Дали треба човечки живот да згасне за да се преземе нешто?

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена