Поврзи се со нас

Еден ден со..

Еден ден со: Владимир Николоски, адвокат

Објавено

на

Работно во канцеларија и суд, во слободно време со пиво или спорт

 

Утрински ритуали и навики

Се будам секој работен ден во 7 и 30 часот, некои посебни утрински ритуали додека сум дома немам. Преферирам како превозно средство во овие топли денови да го користам велосипедот. Откако ќе започнам со работниот ден, како утрински ритуал би го издвоил пиењето на утринското кафе заедно со моите колеги во канцеларијата, пропратено со читање на најмалку два дневни весници заради информирање за настаните од изминатиот ден. Во викендите, исто така станувам рано и моето утринско кафе го пијам во кафе барот Baby Blue, дополнето со пријатен разговор со персоналот на кафе барот.

Активности и обврски во работниот дел од денот

По утринското кафе, преминуваме кон подготовка за дневните закажани рочишта пред судот и разговарам со клиентите за тековните дневни судења. Во текот на работниот ден присуствувам на закажаните рочишта и по потреба одам до други државни и управни органи. Паузата најчесто ја користам од 12.30 до 13 часот, се разбира за доручек и второ кафе. Работниот дел од денот ми завршува во 16 и 30 часот. Нема ништо полесно од обично поминат работен ден.

Исполнување на слободното време

Во попладневните часови слободното време најчесто го исполнувам со спорт, како посетување на фитнес центар, играње кошарка, тенис. Исто така, два дена во неделата посетувам училиште за странски јазик. Во вечерните часови обожавам да излезам со моите пријатели во некое од гостиварските кафулиња, а бидејќи сум љубител на добро пиво, најпосетувано место ми е угостителскиот објект The Pub. Освен тоа, не испуштам да посетам добар концерт или театарска претстава, сметам дека ваквите настани влијаат позитивно и ни ги прошируваат мисловните хоризонти. Апелирам до младите да слушаат квалитетна музика.

 Откријте ни нешто од листата на неостварени желби

Отсекогаш сум имал желба да посетам некоја дестинација како Куба, Тајланд, Малдиви, Чиле. Се надевам дека оваа година макар една од тие ќе ми биде исполнета. Сепак, освен дестинацијата битно е со кого се патува и какво чувство носиме од тоа патување, затоа што спомените и чувствата се најтрајни. Што би рекле *Хладно пиво* – *Само за тај осечај*.

Омилен начин на одмор и релаксација

Според мене, омилен начин на одмор и релаксација подразбира добра сенка, плажа, пред тебе море или езеро, додека во воздухот се слуша некоја добра jazz музика.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 5 часа

Три чаеви за тенок струк

Македонијапред 8 часа

Европска недела на мобилност: Изберете активен живот, движењето е здравје!

Гостиварпред 9 часа

Хуманитарното здружение „Д-р Трајче Нешковски“ и Општина Гостивар потпишаа меморандум, обезбедени образовни асистенти за средношколци со попреченост

Македонијапред 10 часа

„Студентски отпор“ со петиција за укинување на новите повисоки трошоци за студирање

Македонијапред 11 часа

Се намалува цената на горивата од полноќ

Македонијапред 11 часа

Скоро 2.500 лица во јавното здравство се со договори, се бара начин за трајни вработувања

Гостиварпред 13 часа

Жител на Чегране пријавил напад и оштетување на неговото возило

Македонијапред 13 часа

Граѓаните да внимаваат-Нови измами преку уреди за фишинг за превземање на платежните сметки

Вестипред 14 часа

Германија воведува проверки на сите граници со цел да се ограничи миграцијата

Гостиварпред 1 месец

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 6 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 6 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 8 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 8 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 9 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 9 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 1 година

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 година

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Огласи за работа:

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена