Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 13/03/2019 | 10:14

Еден месец од кобната автобуска сообраќајна несреќа

Денес се навршува еден месец од страотната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци, која однесе 15 човечки животи и го зави Гостивар во црно. Гостиварци се` уште чувствуваат тага по своите сограѓани и со болка и жалење го спомнуваат трагичниот настан. 13 февруари, 2019-та година, ќе остане запишан како мрачен датум за градот, но и за целата држава.

Автобусот на Дурмо Турс, кој тргнува кон Гостивар од скопската автобуска станица во 16.15 часот со 51 патник, излетал од коловозот, ги пробил банкините, паднал и се превртел на стариот дел од патот.

Во несреќата животите ги загубија: Дејан Ристоски, Раметула Абдураими, Валдете Хамити, Јовица Трпевски, Бесим Фетаи, Онур Садику, Есат Емрули, Ајдин Исмаили, Бејза Узеири, Зоран Давидовски, Бобан Аврамовски, Трпана Јаневска, Павле Костоски и Арсе Арсоски.

Трагедијата ја стресе земјава, беа прогласени денови на жалост, се одржаа комеморативни седници во спомен на жртвите. Гостивар го посетија многу државници, кои изразија сочувство и се потпишаа во книгата на жалост. На жителите од селото Ласкарци, кои први притрчале да помагаат при несреќата, општината им додели благодарници. Гостиварскиот Совет донесе одлука за издвојување на финансиска помош на семејствата на настраданите и на повредените.

Гостивар се обедини во тагата и во пораката „Сите се возиме во ист автобус“

Причините за несреќата, се` уште се истражуваат и надлежните институции за сега не откриваат во јавноста што покажале досегашните вештачења, исказите од преживеаните патници и другите материјални докази.

Последната информација од Јавното обвинителство е дека ги добиле вештиот наод и мислењето од Машинскиот факултет за техничката исправност на автобусот, како и вештиот наод на Електротехничкиот факултет за функционирањето на уредот што ја снима брзината на движење и активноста на возачот.

Напишете коментар

Close