Поврзи се со нас

Занимливости

Единаесет дена кои никогаш не постоеле

Објавено

на

Единаесет дена нема никогаш да ги пројдете во ниту еден учебник по историја. Зошто? Бидејќи никогаш не постоеле.

Доколку почнете да барате историски настан кој се случил помеѓу 5-ти и 14-ти октомври 1582-ра година сигурно нема да пронајдете ништо. Одговорот е едноставен, се работи за денови кои никогаш не се случиле, односно не постојат.

Всушност се работи за интересен историски феномен. Токму таа година, 1582-ра, папата Гргур XIII на 4-ти октомври издал декрет со кој вовел нов календар. Неговиот нов календар и денес е во употреба во најголемиот број земји во светот и го знаеме како Грегоријански календар. Со него го заменил, до тогаш важечкиот календар кој го вовел Јулиј Цезар во 46-та година пред новата ера и кој според него се вика Јулијански календар.

Како сето ова има врска со таканаречените непостоечки денови?

Бидејќи од воведувањето на јулијанскиот до воведувањето на грегоријанскиот календар се појавила разлика од 11 дена, папата Гргур едноставно наредил тие вишок денови да се избришат. Па така после 4-ти октомври 1582-ра година осамнал 15-ти октомври 1582-ра година.

Инаку разликата помеѓу стариот и новиот календар константно се зголемува. Па така денес таа разлика изнесува 13 дена. Во 2100-та година јулијанскиот календар ќе доцни 14 дена позади грегоријанскиот, во 2200-та 14 и така натаму.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена