Гостивар
Една музичка теорија на заговор: Гебелс ја “прештимал“ музиката за да ја зголеми агресивноста кај луѓето

Објавено
пред 5 месецина

Една тешко објаснива промена од цивилизациски размери се случила во 1939-та година, кога по наредба на министерот за пропаганда на Хитлерова Германија, Јозеф Гебелс, сета музика е прештимувана за 8 херци повисоко од тоа што била традиционално изведувана со векови пред тоа.
Оваа приказна ќе биде малку потешка за разбирање на читателите кои никогаш не се занимавале со музика, но ќе се обидеме да ја доближиме до сечиe размислување. Нотата Ла (или во абецедна нотација – А) се смета за основна нота според која се штимаат сите музички инструменти.
Постои едноставна алатка која се нарекува акустична вилушка, која точно ја произведува нотата А кога ќе се удри по еден од нејзините краци. Денес постојат прецизни дигитални штимери, но пред неколку децении наназад, акустичната вилушка била стандарден алат на секој музичар, секој оркестар и хор. Откако со помош на оваа метална направа ќе се наштима тонот А, според него се штимаат и останатите тонови.
До 1939-та година сите акустични вилушки се произведувале така што ќе ја емитуваат нотата А, точно на фреквенција од 432 херци.
Од 1939-та година, по наредба на озлогласениот Гебелс, од употреба е исфрлена акустичната вилушка со нотата А на 432 херци и воведени се нови акустични вилиушки кои ја емитуваат нотата А на 440 херци. Што значи нотата А е повишена за 8 херци, а со неа и сите останати ноти, односно целокупната музика е повишена за ист број вибрации т.е. херци.
Постојат разни обиди за објаснување на оваа промена, која пак, потполно неочекувано, надвор од нацистичка Германија, ја прифатиле како стандард најпрво радиостаниците во САД, а после нив и остатокот од светот.
Само како пример, слушнете ја свитата за виолончело број 1 во G-dur од Јохан Себастијан Бах, прво отсвирена на инструмент наштиман според нотата А подесена на 432 Hz, а потоа слушнете како звучи истата композиција кога нотата А е подесена на 440 Hz. Разликата е мала, но се приметува.
Баховата свита за чело на 440 Hz
Иако втората верзија е отсвирена од далеку подобар музичар, разликата во “напнатоста“ која ја произведуваат двете верзии на истата композиција може да се почувствува.
Постојат повеќе обиди за објаснување зошто Гебелс ја прештимал музиката на Западниот свет на поголема фреквенција и сите се движат во доменот на теорија на заговор.
Она што е заедничко кај сите тие теории е идејата дека со оваа промена е предизвикан пораст на агресивноста и нетрпеливоста помеѓу луѓето. Без малку сите луѓе сакаат да слушаат музика и без разлика за каков вид и жанр на музика станува збор, класична, поп, фолк или рокенрол, доколку е подесена на фреквенција од 440 Hz, предизвикува вишок на агресивност кај слушателите.
Една од најкохерентните теории кои можат да се најдат на таа тема е онаа која ја изнел Дејвид Ике. Во разговорите со Др.Леонард Хоровиц (американски лекар кој се занимава со проучување на влијанието на разни фреквенции кај луѓето) и со сопствениците на Youtube, каналот London Real (канал со видеа од документарни емисии кои се засновани на теории на завера) ја изнел тезата дека префрлањето на музиката од 432 Hz на 440 Hz е дел од стратегијата на “фраквенциско програмирање на човечкиот ум“, односно дека фреквенцијата од 440 Hz влијае на центрите на човечкиот мозок кои исклучуваат 95% од мозокот од употреба и активираат емоции како што се гнев и нетрпеливост.
Други истражувања кои се занимаваат со фреквенции во звукот и визуелниот спектар укажуваат на тоа дека 432 Hz е “природна“ фреквенција, а фреквенцијата од 8 Hz е фреквенција со која вибрира планетата Земја, како и алфа брановите на човечкиот ум во состојба на одмор, додека човечкото суштество природно вибрира на 16 Hz. Фреквенцијата од 432 Hz има корени уште од античко време, математички пресметан сразмер кој го утврдиле математичари како Питагора и Еуклид, кој пак ја сочинува основата на светлината, времето, просторот, гравитацијата, биологијата, ДНК молекулите и човековата свест. Кога слушаме музика на 440 Hz нејзиниот “основен тон“ има фреквенција од 8,25 Hz и затоа оваа фреквенција создава резонанца во однос на вибрирањето на планетата Земја, мирниот човечки ум и човечкото суштество, па така предизвикува немир, тврди оваа теорија.
Гебелс бил познат окултист и се занимавал со квази-наука и со граничните подрачја на науката (fringe science), така што и не е необично тоа што ја спровел на дело оваа луда идеја со скриена позадина за прештимување на музиката на повисока фреквенција. Но, вистинското прашање кое сеуште нема добиено одговор е: како и зошто остатокот од светот со таква леснотија ја прифатил оваа промена, особено кога се знаело кој бил нејзин иницијатор?
АНКЕТА:

Средношколците најавуваат бојкот на второто полугодие поради државната матура

СВР Тетово го најде лицето кое објави видео од патарина на „Тик-ток“

Од утре седење во кафеани, ресторани, пицерии до 21 часот

Охриѓанец во Гостивар лажел дека е од Америка и не сакал да се легитимира

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

Одбележување на Водици во Гостивар согласно мерките за заштита од ковид, сепак традицијата не се прекина

Голем православен празник Богојавление – Водици

Бројот на активно корона заразени во регион на Гостивар падна на 332

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Во тек е исплата на финансиска помош од 100 евра, приговорите се разгледуваат

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

(ВИДЕО) Локал крај патот Тетово-Гостивар полн со танчерки и гости, најден е и пиштол

Од полноќ нови цени на горивата

Фото вест: Гостиварец си го паркирал џипот на плоштад меѓу новогодишните украси…

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 1 месец
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар во тага, го загуби доктор Трајче Нешковски
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ, поскапуваат горивата