Здравје и убавина
Една порција малини, цело богатство од хранливи материи

Ако сакате да внесете најмногу хранливи материи од само една порција, треба да јадете малини.
Малините се најдобра опција бидејќи содржат најголемо количество диетални влакна. Една чаша малини содржи околу осум грама диетални влакна, што е 32 проценти од дневната вредност што ви треба. Влакната се важни поради неколку работи.
Влакната можат да помогнат во исфрлање на токсините од телото, ги олеснуваат воспаленијата во цревата, па дури и може да ви помогне да изгубите и некој килограм. Малините и капините се видови овошје што содржат најмногу растителни влакна, така што дефинитивно треба да ги вклучите во вашата исхрана.
Малините содржат и големи количини на витамин Ц, многу манган, витамин К, железо, магнезиум, фосфор, калиум, бакар, тиамин, калциум, цинк, како и витамини Е, А и Б6. Тоа значи ако јадете порација малини, ќе внесете голема количина хранливи материи.
Покрај тоа, малините се богати со антиоксиданти кои се важни за здравјето на вашите клетки, кои се борат против оксидативниот стрес. Високиот оксидативен стрес е поврзан со разни видови на болести како што се рак, дијабетес и срцеви заболувања. Покрај тоа, докажано е дека антиоксидансите имаат својства против стареење.
Другите бобинки се исто така богати со хранливи материи, како што се боровинките и јагодите, но малините имаат значително повеќе влакна.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022