Поврзи се со нас

Гостивар

Еднаквост, почит кон жените и стоп за семејното насилство – порака на гимназијалците од Гостивар по повод 8 Март

Објавено

на

По повод 8 Март, гимназијата во Гостивар одржа онлајн работилница на тема „Меѓународен ден на жената,каде сме во моментов , каков свет сакаме и кои би биле придобивките од родовата еднаквост? Активноста се спроведе во рамки на проектот „Мировно образование“ со поддршка на првата детска амбасада на светот Меѓаши.

На работилницата беа истакнати повеќе проблеми во однос на родовата еднаквост: дека семејството ги искористува жените како бесплатна работна сила во домот, мајката е бесплатна дадилка, машките деца се од мали воспитувани да не работат во домот гледајќи го примерот од таткото, сакам син наследник е се уште најпосакуваната мисла, секоја трета жена е жртва на семејно насилство, 90% од жртвите на семејно насилство се жените, жената потешко напредува во кариерата поради обврските во семејството,во политиката,раководните функции и бизнис секторот е многу слабо застапена поради доминација на мажите и жената е озборувана и потценета ако изгледа убаво и убаво се облекува ако е во  политика или раководна фиункција и е во работна комуникација со машкиот свет.

Во дискусијата каков свет сакаме и кои би биле придобивките од родовата еднаквост главните поенти беа дека жената ќе биде посреќна, ќе се чувствува почитувана и сакана, семејството ќе биде посреќно, децата од мали би ја научиле еднаквоста и светот би бил поправеден.

На крај учениците ги  испратија пораките: „Меѓународниот ден на жената е ден што не потсетува дека борбата за подобар свет за жените се уште трае„ и „Посакуваме еден ден борбата за правата на жените да биде минато, а Меѓународниот ден на жената да биде ден кога ќе се прославува постигнатата родова еднаквост„! Слобода, еднаквост, еднаквост во наследство од родителите  и стоп за семејното насилство!

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена