Спорт
Едно злато и две сребра за Виктор Петков на Еуро Балкан КУП во Србија
Од 22-24 март на Копаоник, Република Србија се одржа Еуро Балкан КУП во слалом и велеслалом каде учествуваа 57 натпреварувачи од 7 земји. Учество на ова натпреварување имаа и македонските скијачи Виктор Петков, Влатко Анастасоски и Владимир Петков.
Виктор Петков својата одличната форма и претходно постигнатите добри резултати ги круниса со златен медал во велеслалом на ова натпреварување.
На првата трка исто во велеслалом Петков освои сребрен медал, додека Анастасоски и Петков Владимир ги постигнаа своите најдобри, лични, ФИС точки.
Во втората трка во слалом на првенството во Србија, Виктор Петков го освои и вториот сребрен медал. Вкупно три на ова натпреварување.
Сезонава дваесет и две годишниот гостиварец Петков од 29 ФИС натпревари на кои учествуваше, 10 пати се најде на пиедесталот со освоен медал.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар