Гостивар
Едногласно „ДА“ за Развојната програма на Гостивар „тешка“ 19,7 милиони евра

Советот на Општина Гостивар на денешната седница едногласно ја усвои Развојната програма за 2024-та година, со проекти вредни вкупно 19,7 милиони евра. Документот предвидува стотина проекти за изградба и реконструкција на патишта, водоводи и канализации и реновирања во училишта.
Како што појаснија од општинската Канцеларија за локален економски развој, има зафати кои веќе се и почнати со реализација.
„Некои од проектите се во фаза на процес на реализација, како на пример реконструкција на „Илинденска“ и „Ленинградска“. Ова особено се забележува во делот на инвестициите во образованието, каде имаме и спроведени проекти.“, рече меѓу другото во образложението, Мерсел Незири од ЛЕР.
За разлика од претходните години, кога за Развојната програма се развивале широки, па и пожестоки дебати во Советот, денес имаше само неколку искажувања на советници, без реплики и спротивставувања.
Советникот од ДУИ, Гајур Сејдини побара да се вметнат некои инвестиции во Дебреше, како уредување на парк близу џамијата и на уличка над селото. Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Анета Ќироска побара како предлог од партијата што ја застапува, во Програмата да влезе реновирање на фасадите на старите згради за колективно домување и поставување енергетски ефиканси фасади. Вјолца Бафтиу Зулбеари од ДУИ го истакна проектот кој предвидува адаптирање на тротоарите и улиците за полесен пристап на лицата со посебни потреби, за кој кажа дека ја нагласила потребата од почетокот на мандатот на актуелниот советнички состав. Лек Далипи од истата партија, акцентот го стави на Вруток потенцирајќи дека селото е единствената туристичка точка на Гостивар, во која треба повеќе да се инвестира и да му се дава приоритет.
Како што веќе објави Gostivarpress.mk во Програмата најбројни инвестиции се предвидуваат во делот на модерна инфраструктура и чиста средина, околу 80. Наведени се: реконструкции на улица „Беличица“, „Илинденска“, булеварот „Гоце Делчев“ од кружниот тек од Дом на култура до Автобуска станица, приспособување на пристап до тротоари и разни улици во градот за лица со посебни потреби, како и зафати низ околните населби и селата. За проектите е проектирана сума над 437 милиони денари.
Во делот од Модернизација на мрежата за водоснабдување и канализација, меѓудругото се планираат: реконструкција и изградба на главната водоводна линија во село Вруток од Филтер станица до приклучната шахта до резерварот, изградба на дополнителни краци на постојната канализациона мрежа на територијата на општина Гостивар…Финансиската рамка изнесува околу 107 милиони и 300 илјади денари за петнаесетина проекти.
Кај образование наведени се инвестиции од над 500 милиони денари, кои главно се насочени кон реновирање на спортски сали, обнова на фасади и слично.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо