Гостивар
Едногласно усвоен буџетот на Општина Гостивар за 2023-та од над 1,2 милијарди денари

Советот на Општина Гостивар на денешната седница го усвои буџетот за 2023-та година, кој има вкупна финансиска рамка од над 1,2 милијарди денари. За буџетот рака кренаа сите советници, по претходни образложувања од локалната самоуправа, коментари и предлози.
„Сакам да истакнам дека во делот на трошоци за градоначалникот во буџетот има значително намалување. Би направил споредба со 2017-та година, кога тие трошоци биле 15 милиони денари, а за 2023-та предвидуваме 8,2 милиони денари. Од нив околу 10% се за социјална поддршка“, рече меѓу другото градоначалникот Арбен Таравари.
Советничката група на СДСМ излезе со неколку предлози кои побараа да се земат предвид и да се вметнат во буџетските ставки.
„Изработка на проект за „стрит бол“ игралиште кој ќе биде доставен до Агенцијата за млади и спорт, изработка на проект за дополнителен објект на градинката Пролет во Циглана кој ќе биде доставен до Министерство за труд и социјала, ставање во функција на стационарите и проширување на капацитетите, реконструкција на детските игралишта во Малеарди и Кеј Вардар и на салата во ОУ „Гоце Делчев“, повеќе паркинг места, изградба на катна гаража…“, наведе советникот Станиша Матески.
Советникот Лек Далипи од ДУИ меѓу другото искажа повеќе забелешки во однос на јазичната страна на документот. „Ова е највисокиот акт на општината, а веднаш кога ќе се погледне станува јасно дека има многу проблеми од јазичен аспект. Полн е со грешки. За мене како преведувач, ова е детска работа. Еве, ако и за наредната година општината има проблеми со јазикот, се нудам да помогнам гратис, да се изготви добар документ.“, рече Далипи.
Меѓу другото буџетот предвидува: за инвестиции во училишта 8 милиони денари, за заштита на животната средина 6 мил. денари, за социјална заштита 800.000 денари, за родова еднаквост 600.000 денари итн.
На седницата, последна за годинава беа изгласани и Програмите за образование, спорт, култура, животна средина, стипендирање млади таленти, еднакви можности на жените и мажите, за јавно здравје, заштита и спасување и др.
Исто така беа донесени и неколку одлуки врзани со работата на јавните претпријатија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог