Магазин
Едноставен и природен начин за совршено чиста рерна
Истурени сосови, трошки и остатоци од изгорена храна – нечистотија и маснотии се таложат во рерната секој ден, што тешко се чисти. Но, наместо да користите средства за чистење кои содржат многу хемикалии, пробајте само две природни состојки за ефикасно чистење на вашата рерна – сода бикарбона и оцет.
Извадете ги решетките од рерната, како и се што складирате во неа и оставете ги на страна. Во помал сад измешајте 1/2 чаша сода бикарбона со неколку лажици вода. Доколку е потребно, прилагодете ги пропорциите додека не добиете смеса што може да се намачка. Распоредете ја смесата на внатрешната површина на рерната. Обидете се да ја премачкате целата рерна најдобро што можете, обрнувајќи особено внимание на особено мрсните места.
Оставете ја смесата со сода бикарбона да отстои најмалку 12 часа или преку ноќ. Во меѓувреме исчистете ги решетките од рерната. По 12 часа, земете влажна крпа за садови и избришете колку што е можно повеќе сувата смеса од сода бикарбона. Ставете малку оцет во шише со распрскувач и прскајте секаде каде што сè уште гледате остатоци од сода бикарбона. Оцетот ќе реагира со содата бикарбона и нежно ќе се пени.
Земете влажна крпа и избришете ја преостанатата пенеста смеса од оцет и сода бикарбона. Постапката повторете ја додека не исчезнат сите траги од сода бикарбона. Доколку е потребно, додајте уште вода или оцет додека ја бришете за рерната навистина да стане чиста и сјајна.
Со овој едноставен и природен метод, вашата рерна ќе биде беспрекорно чиста без употреба на штетни хемикалии.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 3 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба