Поврзи се со нас

Рецепти

Едноставна пита со сирење без кори

Објавено

на

Овој рецепт вреди да се има во секоја кујна. Кога немате идеја што за појадок или вечера подгответе ја набрзина оваа пита со сирење.

 

Состојки:

4 јајца

300 гр издробено сирење

1 лажичка сол

200 мл. јогурт

100 мл. кисела вода

2 чаши брашно

1 лажичка прашок за пециво

1 лажица путер

 

Подготовка:

Најпрво изматете ги јајцата и солта, додадете го издробеното сирење и измешајте сè. Додадете ги јогурт и минерална вода и повторно измешајте. Потоа додадете ги брашно и прашокот за пециво, повторно сè убаво измешајте додека не добиете густа компактна смеса.

Во плех за печење ставете една го путерот и стопете го во рерна. Потоа врз растопениот путер ставете ја смесата и распоредете рамномерно. Се пече во рерна загреана на 200 степени околу 35-40 минути.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена