Поврзи се со нас

Деца Родители

Едноставни родителски совети на познатиот руски психолог Лабковски

Објавено

на

Познатиот руски психолог тврди дека несреќни родители не може да одгледаат среќно дете. Како вие му се обраќате на детето во детството, така тоа ќе ви се обраќа вам во староста.

Рускиот психолог Михаил Лабковски е познат по многу едноставни и директни совети. Некогаш е потребно повеќе примена на психологија, а помалку сила и воспитни мерки. Еве што советува Лабковски за воспитување и одгледување на децата:

Несреќни родители не може да одгледаат среќно дете

Запаметите: Ако се родителите среќни и детето ќе биде среќно.

Родителите грешат кога мислат дека проблемот е кај детето

Едното дете е успешно, се бори за себе, знае да се снајде во повеќе ситуации. Додека другото е искомплексирано, плашливо или агресивно. Тоа е знак дека нешто не е во ред: на едното дете не сте му посветиле доволно внимание и љубов. Тоа дете е премногу осетливо, му недостигала вашата љубов, а вие не сте го приметувале тоа.

Често ги мешате воспитувањето и грижата

Грижа е детето да биде облечено и нахрането, а воспитувањето детето да добие добро образование во училиште и дома.

Реакција на лоша оценка или неуспех

Ако детето бурно реагира на лоша оценка или неуспех во спортот, тоа е одраз на самите родители. Ниедно дете нема бурно да реагира на лоша оценка ако родителот смирено би рекол: Добро се случува, не се секирај.. Ако е родителот смирен и детето ќе биде смирено и со текот на времето ќе се труди и научи да биде подобар и подобар во училиште и без трауми да ги пребродува спортските несупеси.

Санкционирањето на детето понекогаш е неопходно

Ако сте се договориле кога ќе се врати од училиште да ја заврши домашната задача и очисти собата, а вие кога ќе се вратите дома забележувате дека ништо од тоа не е спроведено, си седи и гледа во телефонот, направете го следното: Немојте да сте бесни и викате. Едноставно пристапете му смирено и кажете му поради неисполнување на договореното му го одземате телефонот. За него доволна е казната одземањето на телефонот, нема потреба од викање или некоја дополнителна дициплинска мерка.

Никогаш не го поткупувајте детето со пари

Едноставно давајте му една иста сума која ќе ја користи за она што мисли дека му е потребно. Џепарлак треба да име секое дете постаро од 6 години. Имајте контрола на што детето ги троши парите, но никогаш немој да го уценувате или поткупувате со пари.

Научете го детето да живи самостојно

Како ќе го направите тоа? Престанете да трчате по него, да ги средувате неговите работи, собирате неговите садови после ручек, учите за него.. Запрашајте се што ќе прави детето кога нема да сте во негова близина? Сватете дека детето само може да ги направи некои работи. Имајте доверба во него.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена