Гостивар
Едукативна работилница во Гостивар: Хотели за инсекти од најмладите еко-херои како придонес за природата

Во рамки на едукативната работилница што денес се одржа во просториите на Работилницата за репарација „Прогрес“ во Гостивар, се одржа интересно и забавно предавање на тема: „Значењето на инсектите за природата и изработка на хотели за инсекти“.
Работилницата за најмладите се одвиваше под менторство на Ангела Тасеска Михајловска, еко активистка и дипломиран биолог од здружението „Биодиверзитет за сите“ – Охрид, која преку игра и практична работа на учесниците им го пренесе значењето на инсектите како опрашувачи, природни чистачи и заштитници на биолошката разновидност.
Како практичен дел од работилницата, дечињата самостојно изработуваа уникатни хотели за инсекти од реупотребени и природни материјали, придонесувајќи кон креирање на безбедни засолништа за корисните инсекти, а истовремено промовирајќи одржливост и еколошка свест.
„Радоста, љубопитноста и ентузијазмот што децата го покажаа се вистинска инспирација. Со ваквите мали, но значајни чекори, заеднички создадовме безбедни засолништа за нашите мали природни сојузници. Остануваме посветени на промовирање активности што инспирираат, едуцираат и поттикнуваат грижа за животната средина“, порачуваат од Работилницата за репарација „Прогрес“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос