Поврзи се со нас

Гостивар

Ефремоски: Средното економско училиште во Гостивар вистински избор за полуматурантите

Објавено

на

Првото пријавување во јунскиот уписен рок во средните училишта ќе се спроведе на 16 и 17 јуни. Полуматурантите се исправени пред важна одлука, каде ќе го продолжат своето образование и ги разгледуваат можностите и условите кои им се нудат пред да го донесат конечниот избор.

Во средното економско училиште во Гостивар отворени се 442 места за прием на ученици во прва година. На албански јазик предвидени се 7 паралелки, на македонски 5 и на турски јазик, една. Во ова училиште има неколку струки:економски техничар, правен техничар и бизнис администратор, а од годинава се воведува и програма од тригодишно образование за продавач референт за продажни услуги.

„Економијата е област на општествениот живот во која се обезбедуваат средства за живот. Економијата е стопанство или производство на економски добра. Со одлуката за запишување во Средното економско општинско училиште „Гостивар“ – Гостивар, Вие сте едни од идните Финансиски референти, Сметководители, Маркетинг референти, Банкарски службеници, Комерцијалисти, Агенти за осигурување, Судски референти, Архивари, Асистенти за односи со јавноста, Книговодители и.т.н. Нашето училиште нуди професионалност, стручност, одговорност, грижа за безбедноста на учениците, учество во проекти, подготовка на учениците да бидат конкурентни на пазарот на трудот, добра основа за продолжување на високото образование. Бидете и Вие дел од една успешна приказна за што сведочат многу сегашни истакнати профеционалци во својата област кои своето средно образование го завршиле во нашето училиште, а сега се успешни менаџери, професори, претприемачи, банкари, адвокати, судии, и.т.н. Ве очекуваме на 16 и 17 јуни 2020 год. на првото пријавување за упис во прва година“, вели во својата порака за полуматурантите директорот на СЕОУ „Гостивар“, Тони Ефремоски.

Со оглед дека годинава владеат вонредни услови на пандемија на коорнавирус, уписот ќе се спроведува според Протокол, кој предвидува правила за заштита на учениците, родителите и членовите на уписните комисии.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена