Ракометната федерација на Македонија треба да плати глоба од 2.000 евра поради несоодветна опрема на ракометарите.

Казната е поделена на 1.000 евра за различни чорапи на мечот со Словенија и уште 1.000 за „стреч-гаќички“, кои Манасков, Стоилов, Кире Лазаров, Филип Лазаров, Талески и Кузмановски ги носеле под официjалниот долен дел од дресот.

За Македонија ова не е прв пат да бидеме санкционирани за вакви работи. Во Полска исто така бевме казнети поради различни чорапи. Казната исто така беше парична.