Спорт
Екипата на „СДММ Централа“ најдобра на Турнирот во чест на д-р Трајче Нешковски

Екипата на СДММ Централа, го освои првото место на третиот Меморијален турнир „Д-р Трајче Нешковски“ кој се одржа денеска во Гостивар. Во финалето тие беа поуспешни од тимот на Малеарди по изведувањето на пенали.
Во полуфиналето СДММ Централа беа подобри од ЛК СДММ Гостивар, а Малеаради славеше против Другари Трајче – Исток, кои го освоија третото место.
Наградите за прво, второ и трето место им ги додели директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски.
Заслужени награди добија и најдобриот стрелец Драган Јаковлевски од екипата на Малеарди и најдобриот голман на турнирот Илија Апостоловски од тимот на СДММ Централа.

Драган Јаковлевски – Најдобар стрелец на Третиот меморијален турнир „Д-р Трајче Нешковски“

Илија Апостоловски – Најдобар голман на Третиот меморијален турнир „Д-р Трајче Нешковски“
Со доделување на пехарите и благодарници за поддржувачите, завршија тридневните активности во Гостивар со кои се славеа животот и делото на прерано починатиот доктор Трајче Нешковски.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче