Гостивар
Екипи во Гостивар работат на расчистување и санација по невремето

Поплавени улици, подрумски простории, загрозени објекти, паднати дрва и наноси кал се несаканите последици од силното невреме кое го зафати подрачјето на Гостивар попладнево.
Според информациите од Центарот за управување со кризи во Беловиште, на главниот селски пат има излевање на водата која надоаѓа од планината и со неа носи кал и гранки. „Вода се уште надоаѓа, а во понискиот дел од селото водата се задржува и оди во дворовите и куќите. На селскиот пат што води до ресторанот Дабов лад, има повеќе, но помали одрони на земја, а на патот има паднати дрва. Поплавена е улица Бањешница, и има излевање на водата по патот од каналот. Во населба Циглана од шумата надоаѓа вода со кал и е влезена во двор на куќа.“, соопшти ЦУК.
Од „Комуналец“ информираа дека по поплавите предизвикани од обилните врнежи од дожд, нивни екипи се на терен и интензивно работат на одзатнување, санација на шахтите на атмосферска канализација во критичните точки, како и чистење на теренот. Во активностите е вклучена и Противпожарната единица.
Интервенција била спроведена и во општата болница.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение