Поврзи се со нас

Гостивар

Еко акција на вработените во ХЕС Маврово

Објавено

на

АД ЕСМ во сите подружници низ целата држава, денес спроведуваше еколошка акција за уредување, зазеленување и чистење на околината по повод Светскиот ден за заштита на животната средина.

„Светскиот ден за заштита на животната средина на Обединетите нации годинава е под мотото “Само една планета Земја” и тoа e порака до сите нас, не само како компании и фирми, туку и како луѓе, да ја чуваме нашата животна средина. АД ЕСМ како најголем производител на електрична енергија во нашата држава ја поддржува т.н. зелена транзиција и се стреми кон побрзо преминување кон производство на зелена енергија, односно производство на енергија од сонце, вода и ветер. Обврска на сите нас е да ја зачуваме животната средина денес, но исто така нашата планета да ја оставиме чиста и за нашите идни генерации”, порача генералниот директор Васко Ковачевски.

Вработените во ХЕС Маврово ги чистеа внатрешните простории на дирекцијата, кругот околу објектот и ги уредуваа тревните површини. Се средуваше и магацинскиот простор на подружницата во Гостивар.

Во ХЕ Равен се чистеше кругот пред централата, пред градежна оператива и пред електромашинската работилница. Отпад се собираше и околу браната Маврово и оскултациониот центар, како и тревните површини пред споменикот на загинатите градители на системот.

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена