Поврзи се со нас

Гостивар

Еко акција во Гостивар-Чистење отпад и порака за поголема грижа за јавната хигиена

Објавено

на

    Гостивар и годинава се вклучи во националната еколошката активност „Генералка викенд“, што се спроведува низ општините во земјава. Утрово беа организирани акции за чистење на отпад во централното градско подрачје и во населбата Малеарди, од каде беа испратени пораки за поголема грижа на секој поединец и придонес во зачувување на животната средина.

    Во акцијата учествуваше и градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани.

    „Генералка викенд трет пат се одржува во Гостивар, во соработка со невладини организации, општествено одговорни приватни компании и двете јавни претпријатија. Ова е акција која е добредојдена за сите нас, но воедно и порака до сите наши граѓани-да се крене свеста кај нив и сите да се погрижиме Гостивар да биде почист и поубав град. Ја користам приликата да апелирам до нашите граѓани сите да се грижиме, службите да си ја вршат својата работа, се случува и тие понекогаш да имаат проблеми во работата од различни природи, но би потенцирал до граѓаните повеќе да се вклучат за нашиот град да биде почист и секако менаџирањето со отпадот да биде подобро“, рече градоначалникот.

    Денешната акција општината ја спроведе во соработка со Црвен крст, „Позитива Б2“ од Вруток и организацијата „Мен енд маунтин“.

    „Со особена благодарност ги истакнуваме нашите партнери: КК Гостивар, Младинска ЖКК Гостивар, Go Bikers Gostivar. Нивната несебична поддршка, учество и промоција на оваа акција се од огромно значење за успехот и заедничката порака – дека само заедно можеме да изградиме поодговорна и поздрава заедница. Со вакви заеднички иницијативи, испраќаме силна порака дека Гостивар знае, сака и може – за поубава животна средина за сите нас!“, рекоа од Позитива Б2.

    Во рамките на „Генералка викенд“ , чија цел е подигање на свеста за значењето на заштитата на животната средина, на 9, 10 и 11 мај над 20.000 волонтери ќе чистат на повеќе од 500 локации низ Македонија.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена