Поврзи се со нас

Гостивар

Еко акција во Гостивар – Монтенегро донираше садници

Објавено

на

Во акција што се спроведува од утрово во дворот на ОУ Гоце Делчев се засадуваат 30 – тина нови садници. Активноста ја организира здружението ГвЕко, со поддршка на компанијата Монтенегро кој ги донираше садниците.

„Целта е да имаме што повеќе зелени површини во Гостивар. Среќна сум што Монтенегро со ова дава пример кој може да послужи и на другите компании. Од срце им благодарам“, рече Валентина Штерјоска од ГвЕко.

Магдалена Пејчиноска од маркетинг секторот на Монтенегро нагласи дека донацијата е дел од акцијата за почист и еколошки Гостивар.

„Нашата компанија издвојува дел од парите од продажба на ќесите за еколошки активности. Ова беше прва донација на дрвца, и во иднина ќе продолжиме со слична поддршка“, рече Пејчиноска.

Акцијата за засадување дрвца се спроведува во соработка со јавните претпријатија Комуналец и Паркинзи и зеленило.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена