Гостивар
Еко активности во училиштата во Гостивар – “Нашата околина е нашиот дом“

Во рамки на одбележувањето на Денот на екологијата 21 Март, во училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“ и „Единство“ во Гостивар се одржаа работилници за основците.
„Учениците работеа на селектирање и реупотреба на отпад, научија што е тоа нула отпад и испратија писмо до градоначалникот што поскоро целиот град да добие канти за селектирање на отпад со цел граѓаните да се заложат за нула отпад за да ја зачуваме животната средина и животот на планетата сегашните генерации и на генерациите што треба да се родат. Исто така децата беа воодушевени од идејата за еко патролите и фејсбук страницата на која ќе можат да пријават ако некој фрла ѓубте насекаде и ја загадува животнат средина. Децата одговорно кажаа дека и сега и кога ќе пораснат нема да флаат ѓубре насекаде и ќе се борат против граѓаните што тоа го прават бидејќи го сакаат Гостивар и сакаат да живеат во чист град“, информираа од здружението ГвЕко, иницијатори на активноста, која се спроведе со поддршка на Аслијан Снопче, раководител на секторот за образование при Општина Гостивар.
Работилниците волонтерски ги изведоа Валентина Штерјовска и Њомза Шаќири, под мотото “Нашата околина е нашиот дом, селектирај, реупотреби и рециклирај за нула отпад“
- Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
- Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
- Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 3 месеци
Вида Гаврилоска Бубалова, психолог и психотерапевт
- Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
- Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер