Вести
Еко акција: Наместо ѓубре, нови дрвца во градскиот парк

Со акција за расчистување на градскиот парк во Гостивар, денес беше означен почетокот на кампањата #KeepGostivarClean, организирана од младинската невладина организација YMLP Club. Во акцијата се активираа дваесетина граѓани од различни возрасти, а се вклучија и членови на неколку локални еколошки здруженија. Се собираше отпад низ целиот градски парк и беше расчистена и дивата депонија покрај трансформаторот. Во црните вреќи екологистите собраа секакво ѓубре: остатоци од храна, пластични шишиња, ќеси, разна амбалажа…
„Спроведуваме акција за чистење на паркот, но сакаме да испратиме порака дека не е доволно само да се исчисти отпадот, туку дека мора да се подигне свеста кај секој поединец за чување и заштита на животната средина“, рече Иво Дамјановски, од YMLP Club.
Откако се острани ѓубрето, беа засадени неколку нови дрвца и беше поставен знак со предупредување да се не фрла отпад во паркот.
Акцијата се спроведе во рамки на проектот impAKT, имплементиран од организацијата Democracy Lab.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!