Поврзи се со нас

Гостивар

Еко акција во Гостивар: Пластичните кеси заменете ги со биоразградливи!

Објавено

на

Екологистите денес спроведоа акција за едукација и поттикнување на гостиварци да не користат пластични кеси за еднократна употреба кои се штетни за животната средина и да ги заменат со хартиени ќесиња или платнени торби.  На граѓаните кои пазаруваа во Мега маркетот Монтенегро  во Гостивар, освен информации и совети им делеа и платнени торби, за да го избегнат користењето на најлонските кеси.

Ваквите кеси, кои најголемиот дел од граѓаните по навика ги користат секојдневно, се најголемиот загадувач, предупредуваат од Здружението ГвЕКО, кои ја организираа денешната активност.

„Најлонските кеси се опасна закана за животната средина како загадувачи. Рециклирањето на најлонските кеси е многу поскапо во споредба со цената на суровината од кои се направени, па затоа никој не би се занимавал со нивно рециклирање.Се користат во просек 12 мин а се разградуваат во следните 500 до 1000 години. Дури и кога ќе се разградат тие се опасни загадувачи на почвата и водата, а со тоа влегуваат во процесот на производство на храна. Неприфатливо е веќе нашето оправдување и размислување „Па нема што да се прави“. Постојат држави како Кина, Бутан, Тајван, Израел и други каде е забрането производството на пластични кеси.“, рече Валентина Штерјоска член на Здружението.

Освен до граѓаните, како потрошувачи, екологистите испратија апел и до трговците да ги заменат пластичните кеси со биоразградливи и да стимулираат нивна употреба со разни акции и попусти.

„Апелираме до сите големи и мали маркети да престанат да ги користат пластичните кеси, да ги заменат со биоразградливи кеси и да стимулираат користење на торби за да важат картичките за попуст“, нагласија организаторите.

Според статистичките податоци во земјава годишно се употребуваат повеќе милиони пластични кеси, што е количина со која неколку пати може да се покрие целата територија на државата.

Еко активистите во Гостивар денес поделија стотина платнени торби на граѓаните.

 

 

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена