Гостивар
Еко-кино на велосипед за средношколците во Гостивар

Несекојдневна и интересна активност за подигнување на еколошката свест беше организирана денес за средношколците во Гостивар. Тие имаа можност визуелно, преку коцка со големи димензии еднаква на 125 килограми јаглероден диоксид, да си претстават колку штетни материи одат во воздухот преку секојдневните навики на човекот. Потоа, гледаа едукативен филм за климатските промени, на кино кое добива струја со помош на велосипед.
Активноста се реализираше во рамки на проектот „Climate action starts with you(th)”, на невладината Гоу Грин, а во простории на младинскиот ресурсен центар ICan.
„Сакаме да им прикажеме на младите што конкретно значат климатските промени и како нивните навики придонесуваат за влошување или подобрување на состојбите. Конкретно коцката, 125 килограми јаглероден диоксид е еднакво на 2 недели возење со автомобил, или 6 месеци комунален отпад од домаќинствата или 50 килограми неселектирана пластика. Сакаме да им посочиме дека ако не возиш автомобил две недели, нема толку јаглероден диоксид да испуштиш, ако селектираш пластика, ќе го намалиме количеството на јаглероден диоксид. Од друаг страна преку киното со велосипед на интересен начин им кажуваме дека не е лесно да се произведе енергија, дека треба да се штеди, особено во време на енергетска криза, да се користат обновливи извори на енергија.“, рече Мила Јовановска, од Гоу Грин.
Еко иновацијата со киното овозможува генерирање на чиста електрична енергија настаната со нула емисии на јаглероден диоксид.
На јаглеродната коцка со графити се прикажани последиците од климатските промени како и чекорите кои треба да се преземат за да се намалат последиците. На неа има и простор каде младите се потпишуваат, и оставаат пораки за заштита на животната средина и планетата Земја.
Проектот освен во Гостивар се реализира и во Скопје и Охрид, а финансиски е поддржан од Владата на Обединетото Кралство и Британската амбасада.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава