Гостивар
Економско-социјалниот совет на Гостивар ќе бара решенија за сообраќајниот хаос

На следниот состанок на Локалниот економско-социјален совет во Гостивар ќе се разгледуваат проблемите во сообраќајот. Особено ќе се обрне внимание и ќе се предложат решенија за ублажување на сообраќајниот метеж што се создава во периодите кога печалбарите престојуваат во родниот крај и бројот на возила низ улиците енормно се зголемува.
„Со оглед дека ова претставува значителен проблем за Гостивар одлучивме да биде тема на дискусија на Локалниот економско-социјален совет, кој треба да предложи некои решенија. Проблемиот е особено видлив кога нашите сограѓани кои се на привремена работа во странство доаѓаат тука. Сакаме да се вложи напор да се среди сообраќајот и ќе дебатираме на кој начин тоа може да се постигне. Секако ќе бидат вклучени компетентните институции, полицијата, општината и други, ќе се дебатира и ќе се предложат решенија“, појасни Тафа Амети, претседател на ЛЕСС.
Акцискиот план за работа на ЛЕСС за 2023-2025 година, како и деловникот за работа едногласно беа усвоени на денешната седница на Советот на Општина Гостивар. Притоа, беше одлучено во работата на ова тело да се вклучат и неколку членови на Советот.
„Акцискиот план што го усвои Советот опфаќа различни проблеми од различни области во Општина Гостивар како: образование, сообраќај, економија, социјалните теми и слично. Ние сме советодавен орган, поддршката на општинскиот Совет ја имаме и сега зависи од нас колку ќе се потрудиме и колку ќе постигнеме да даваме корисни совети.“, рече Амети.
Во ЛЕСС членуваат претставници на синдикатите, на работодавачите, на гостиварските училишта, од невладиниот сектор, Младински совет.
Инаку, на денешната седница на Советот на Општина Гостивар беа изгласани и одлуки од областа на буџет и финансии, како и на урбанизам.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо