Поврзи се со нас

Македонија

Експропријацијата на земјиштето за Коридорите 8 и 10д не мрднала два месеци

Објавено

на

Целосно се завршени 58 проценти од проекциите за експропријација, како и 33 проценти од геотехничките истражувања за автопатските делници на коридорите 8 и 10д, покажува Извештајот од надзорот за прогрес на работите за периодот од 1 ноември до 31 декември лани. Процентот на експропријацијата останува ист како и во извештајот објавен во октомври, по што може да се заклучи дека процесот се одвива со потешкотии.

Извештаите кои се објавуваат на веб страницата на Јавното претпријатие за државни патишта покажуваат активности на изведувачот за експропријација, геотехнички истражувања  и други претходни активности и спецификации за предвидените автопатски делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа – Струга-Ќафасан на Коридор 8 и Прилеп-Битола на Коридор 10 Д.

Исто така, прикажани се и финансиските трансакции помеѓу Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државните патишта во рамките на Програмата за финансирање на патната инфраструктура, односно исплатите што завршуваат кај изведувачот на работите.

Во ноември е реализирана една трансакција во износ од 223.596.680 денари. Во декември имало исплати во четири наврати. На 5 декември се исплатени 245.606.294 денари, на 28 декември две исплати од 669.225.176, односно 261.862.793 денари,  а на 29 декември 1.695.871.044 денари.

Со Програмата за финансирање на патната инфраструктура за овој проект лани беа предвидени 15 милијарди денари, а за годинава за таа намена во буџетот на Министерството за транспорт и врски има  15,1 милијарда денари.

Договорот со изведувачот американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ беше потпишан во март минатата година.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 дена

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 4 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 4 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Гостиварпред 2 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 21 час

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 дена

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена