Рецепти
Екстра вкус-Бисквит чоко торта без печење

Ова е рецепт за десерт на кој никој нема да може да му одолее. Тортата има богат вкус и сигурно ќе стане дел од вашето домашно мени.
Состојки:
800 гр. бисквити
100 гр. ореви
250 гр шеќер
250 мл. вода
120 мл. слатка павлака
60 гр. какао
120 гр. чоколадо за готвење
150 гр. путер
1 лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Најпрво искршете ги бисквитите на мали парчиња, а оревите исецкајте ги па ставете ги да се пропржат околу 5 минути. Потоа во истиот сад додадете ги искршените бисквити и измешајте. Во друг сад измешајте шеќер и какао, па додавајте вода со постојано мешање се додека смесата не се соедини добро. Потоа додадете растопен путер и повторно добро мешајте. Оставете смесата да се провари 5-6 минути.
Откако ќе се излади додадете екстракт од ванила и измешаните ореви и бисквити. Соединете ја добро смесата, па истурете ја во калап или плех, каде ќе ја обликувате тортата. Оставете да стои во фрижидер околу еден час. Пред да ја извадите тортата од фрижидер, ставете слатка павлака да проврие, па со неа прелијте го чоколадото за готвење. Оставете да отстои така една минута, па почнете со мешање додека добро да се соедини. Излејте ја смесата врз тортата.
Откако ќе ја премачкате тортата со оваа смеса оставете ја пак да се излади во фрижидер, најдобро преку ноќ.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите