Поврзи се со нас

Вести

Екстремен топлотен бран низ Европа, луѓето се разладуваат како знаат и умеат

Објавено

на

Деновиве поголемиот дел од Европа е зафатен од топлотен бран со многу високи температури и јако УВ зрачење.  Во текот на месецов се срушија рекордите на највисоко измерени температури во Франција, Полска, Германија, Чешка и други земји.

Според метеоролозите, тропските горештини се последица на продор на топла воздушна маса од Сахара и ќе потраат и во наредните денови.

Во  селцето Gallargues-le-Montueux, на југот на Франција измерени се неверојатни 45,9 целзиусови степени. Екстремните жештини во јужна Франција се причина и за избувнување на повеќе пожари, а огнените јазици до сега проголтале големи површини шума, како и неколку куќи и автомобили. Во Париз дневната температура достигна 37 степени, а луѓето бараат секакви начини за да се освежат и разладат на горештините: по фонтани, во реките, по парковите.

Во делови од Шпанија, четврти ден по ред владеат температури над 43 степени, поради што се издадни предупредувања со црвен метео аларм.

Во средна и северна Италија деновиве има три човечки жртви како последница на топлотниот бран .

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена