Поврзи се со нас

Верувале или не ?!

„Ел Чапо“ осуден на доживотна, плус 30 години робија – Само еден затвор на светот може да го сопре

Објавено

на

Најпознатиот наркобос во светот Хоакин Гузман (62), познат како Ел Чапо, беше прогласен за виновен по 10 точки од обвинението за обид за убиство и организирање на шверц на голема количина на дрога. Иако изрекување на пресудата е закажана за 25 јули, Судот во Бруклин го осуди на доживотен затвор и уште 30 години. Бившиот водач на нарко картелот Синалоа, треба да врати и 12,6 милијарди долари.

Светските медиуми повеќе се загрижена каде Гузман ќе ја одлежи казната. Она по што мексиканскиот бос ќе останае запаметен се неговите две бегства од затвори кои нудеа максимална безбедност.

За прв пат, избега во 2001 година од Puente Grande затвор со најголема безбедност – наводно криејќи се во кошница за алишта. Тој беше на слобода 13 години, при што го консолидира нарко-картелот и ја врати својата империја, пред да биде повторно уапсен.

Во јули 2015 година, по нешто помалку од две години отслужување од казната во затворот Altplano во Мексико, тој повторно избега – овој пат преку ископан тунел долг 1.500 метри, со мотор. Бегството било комплексно и детално планирано.

Тунел долг 1.5000 метри бил ископан до неговата ќелија, каде имало дупка до тунелот во кој имало осветлување, вентилација, скали. Во тунелот бил оставен и мотор со кој побегнал лидерот на Синалоа.

Фактот дека еден од најбараните и најопасните луѓе во светот два пати им избега од затворите со максимална безбедност во Мексико, властите признаа дека единствен гарант да не избега повторно е да го предадат на САД.

Интернационалните медиуми кои го следат случајот на Хоакин Гузман веќе лицитираат каде може да ја одлежи доживотната робија. Стручњаците, аналитичарите и медиумите беа едногласни дека единствени ѕидови кои може да го задржат најопасниот човек на планетава е “ADX Florens” во Колорадо.

Озогласениот затвор од кој никој никогаш не избегал. Казната таму ја служат или ја отслужиле најголемите терористи и убијци, или како што вели еден поранешен затвореник: луѓето кои немаат никаква почит кон човечкиот живот.

Затворот уште како го нарекуваат Supermaks, е во срцето на Колорадо и има 490 кревети. Познат е и како “Алкатраз во карпестите планини”.

Ел Чапо ќе биде сместен во „контролираниот сектор“ кој е дизајниран да го лиши од речиси сите човечки контакти, вклучувајќи самоубици, проповедници на омразата и домашни терористи кои се распоредени во останатите ќелии. Затворот е отворен во 1994 година и моментално има околу 400 затвореници.

Затворениците се сместени во ќелии за еден човек и таму поминуваат по 23 часа на ден, што ги лишува од речиси сите контакти со надворешниот свет. Самиците се со димензии 2×3,60 метри, имаат прозорци од 120×10 сантиметри кои гледаат само кон на небото, така што затворениците не може да знаат во кој дел на затворот се наоѓаат.

Секоја ќелија има бетонски кревет, маса, столче и полица. Повеќето имаат и телевизија, а сите оброци се во четири ѕида, единствено за тоaлет треба да одат неколку чекори.

Затворскиот комплекс е делумно под земја и е опкружен со многу високи ѕидови, така што затворениците не може да видат ништо надвор од нив.

Без оглед на тоа каде ќе заврши, Гузман е веројатно ќе биде под посебен надзор.

Во моментов во овој затвор има точно 405 осудени лица. Негови жители се некои од најпознатите терористи и убијци, како Џохар Царнаев, кој активирајќи експлозив уби тројца, а повреди 280 луѓе на Бостонскиот маратон, Абу Хамза, радикален исламист кој наместо рака има кука и Тед Качински, кој сееше страв во Америка испраќајќи писма-бомби.

Во затворот “ADX Florens” казна одслужваат и Ерик Рудолф, убиецот од Олимпијадата во 1996 година, како и Закариус Мусауи, еден од одговорните за нападот на 11 септември, во затвор е и поранешниот агент на ФБИ, Роберт Хансен, кој служи доживотна казна за шпионирање за Русија. 

Сепак, како соопштуваат, во затворот Ел Чапо има и еден познаник, а тоа е Осиел Карденанс Гулиен, поранешен лидер на картелот на Заливот, кој беше екстрадиран во САД во 2007 година и осуден на 25 години затвор во 2010 година.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 35 минути

Завршени 89% од експропријацијата за автопатот Гостивар-Тетово, 27% за Букојчани–Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Болните и изнемоштени до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

Македонијапред 2 часа

За една година 5.365 помалку ученици во училиштата во Македонија

Културапред 3 часа

Во Гостивар во четврток изложба и перформанс на Бојана Артиновска

Спортпред 5 часа

Познати 11 кошаркари на „дрим тимот“ на САД за Олимписките игри

Гостиварпред 7 часа

Пожари кај Бунец, меѓу Сретково и Церово, во атар на Горјане…Над тетовско Селце гори неколку дена

Гостиварпред 8 часа

Метеоролозите со предупредување за локално невреме

Вестипред 22 часа

Стрес, депресија и анксиозност од предолго време на „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Тикток“ …

Македонијапред 24 часа

Од следниот месец деветвалентна ХПВ вакцина, ќе биде достапна и за момчиња

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена