Гостивар
Електричен тротинет не се вози по улица, потсетува СВР Тетово!
Со затоплувањето на времето, на тетовските и гостиварските улици се повеќе има граѓани кои возат електрични тротинети, а кои од незнаење или други причини не секогаш се придржуваат на законските прописи предвидени за оваа категорија учесници во сообраќајот.
Поради ова, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира ваквите тротинети да се движат исклучиво по наменски обликувани патеки или по тротоари, таму каде што нема патеки, а не по улици. Се апелира, исто така, оние што ги управуваат тротинетите задолжително да носат заштитни кациги и рефлектирачки елеци, доколку се движат навечер или рано наутро. На лицата што ги управуваат им се советува да не ги управуваат со една, туку со две раце, да не превезуваат други лица на нив или водат животни на ремен. Во спротивно ќе бидат адекватно санкционирани, односно ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци и, зависно од видот на направениот прекршок, ќе се соочат со парични глоби кои се движат од 50 до 80 евра во денарска противвредност.
Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека во наредниот период претстои зголемена сообраќајна фрекфренција на подрачјето, поради што и лицата кои се движат со електрични тротинети треба да бидат максимално внимателни, да ја прилагодат брзината и целосно да се придржуваат на важечките правила и прописи, регулирани со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник