Поврзи се со нас

Гостивар

Електромобил од рацете на тим креативци од техничкото училиште во Гостивар

Објавено

на

Интересна, инспиративна и креативна приказна ни доаѓа од средното техничко училиште во Гостивар, кадешто група средношколци со своите професори изработија електромобил. Наспроти претставата дека училиштето се состои од лекции, книги, формули, тестови, ова е пример на нешто функционално, создадено од рацете на средношколци, производ на нивното знаење и вештини.

„Возилото функционира исто како популарните електромобили. Батеријата се полни од мрежа, има електромотор кој го придвижува задното тркало. Инаку возилото има три тркала, назад едно, а напред две. Голем број од деловите на возилото се всушност од велосипеди, електромоторот е со ланец, задниот пренос исто е од велосипед, со шалтер како 18 брзинците, но нашиот е шестбрзинец, со оглед дека напред имаме само еден погонски зупчаник. Во однос на полнењето на батеријата отидовме чекор напред, односно батеријата се полни со фотоволтаик.“, објаснува професорот Бошко Самојловски, кој го води машинскиот клуб во училиштето.

Во создавањето на електромобилот учествувал тим од триесетина средношколци, а освен Самојловски, со децата работел и професорот Борче Кироски.

Средношколците ни раскажаа дека ова им било најинтересното искуство што го доживеале до сега во училиште. Дека со задоволство поминувале повеќе часови во склопување на деловите, разменувале идеи, начини како да се изработи возилото, а уживале и во дружбата. Тоа го потврди и ученикот Петар Богданоски, кој од почеток до крај учествувало во креирањето на возилото.

Позитивното искуство го сподели и ученикот Раман Шабани, кој рече: „Задоволството беше големо, а искуството многу корисно. Се забавувавме, се дружевме, соработката ни беше супер“.

Електромобилот е всушност резултат на проект во кој е вклучено училиштето, а се вика „Инклузивни партнерства во заедниците“. „Во рамки на проектот во училиштето се формираа ученички клубови, во кои членуваат ученици од различна националност,  пол, и различни можности и способности. Машинскиот и електро клубот го изработија електромобилот, додека клубот за архитектура изработи канцелариски прибор од еко материјали. Изработките беа презентирани на завршниот настан од проектот, што се одржа на 10-ти декември во Скопје.“, појасни Зорица Момировска, специјален едукатор и рехабилитарот во училишттео, која е координатор на проектот.

Раскажувајќи ни за целиот процес на изработка на електромобилот, кој траел речиси три месеци, професорот Самојловски нагласи дека атмосферата секогаш била позитивна, учениците покажале голема креативност, а автомобилот им станала главна тема и преокупација, не само во училиштето, туку и надвор од него.

Инаку, изработката на електромобилот чинела околу 60.000 денари. Тимот од техничкото училиште во Гостивар вели дека нема да застане тука, и дека планираат во иднина да работат на усовршена верзија на возилото.

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 часа

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена