Спорт
Елмас: Една победа нè дели од исполнување на сонот од детството

Македонската фудбалска репрезентација на гостувањето во вторник во Порто во рамки на финалето од мундијалскиот бараж ќе биде посилна за Елиф Елмас, кој оцени дека дуелот против Португалија за „црвено – жолтите“ ќе биде досега најтешкиот.
– Нè очекува еден од најтешките и највозбудливите натпревари до сега за сите нас играчи кои сме тука во репрезентацијата. Пред нас се 90 минути во кои можеме да си го исполниме сонот од детството и сонот на целата нација. Знаеме дека оваа шанса не смее да ја пропуштиме и ќе изгинеме на теренот за да дојдеме до Светското првенство во Катар, изјави Елмас.
Играчот од средниот ред очекува дуелот во Порто да биде поразличен натпревар од пресметката против Италија.
– Искрено очекувам поразличен натпревар од тој во Палермо, бидејќи мислам дека Португалија е индивидуално за нијанса поквалитетна од Италија. Би сакал да нè потценат, но мислам дека нема да го направат тоа, бидејќи знаат дека ова е финале и само 90 минути ги делат двете репрезентации од пласман на Светското првенство, додаде Елмас, пред финалето на стадионот „Драгао“ во Порто, во вторник со почеток од 20:45 часот.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022