Речиси да не постои човек кој не ги сака десертите. Но, за жал благото не е добро за нашето здравје. Доколку сте љубител на слатките задоволства, тогаш барем одберете поздрава варијанта. Предлагаме рецепт за кој ви требаат десетина состојки и 20 минути печење. Добивате вкусни чоколадни колачиња кои се сепак здрави и не содржат глутен.
За 10 колачиња ви требаат следните состојки:
1/3 чаша кокосово масло
1 чаша исецкано темно чоколадо
1/3 чаша кокосов шеќер
1/3 чаши јаворов сируп
1 јајце
1 лажица ленено семе се меша со 3 лажици вода
1/2 лажичка сода бикарбона
1 чаша бадемово брашно
1/2 кафена лажичка еспресо во прав по желба
1 лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 150 степени. Во премачкан сад ставете половина од чоколадото. Ставете го садот во друг поголем сад со топла вода, за да се истопи чоколадата. Додајте го маслото, шеќерот, јаворовиот сируп и добро измешајте. На страна додадете ги јајцето, мешавината со лен и сода бикарбоната. Истурете во садот за печење и печете 20 минути.
Оставете да се излади целосно пред да ги исечете парчињата.
Темното чоколадо е антиоксиданс и има многу хранливи материи. Бадемовото брашно е многу подобро од белото. Бадемите се богати со протеини и влакна, кои можат да помогнат во балансирањето на шеќерите во крвта, што може да ви овозможи да се чувствувате сити по само едно парче.