Гостивар
Емотивна средба во гимназијата во Гостивар-Прослава на 55 години матура

Четвртата генерација од гостиварската гимназија денес повторно го слушна училишното ѕвонче и почувствува како е да се седне во училишните клупи на својата младост. Некогашните гимназијалци одбележаа 55 години од завршувањето на средното образование. Се споделуваа сеќавања, не се криеја емоции, возбуда, радост што и по толку време, нашле начин и покажале желба да се видат и дружат. Животот ги однел на различни страни, но 55-годишнината од матурирањето ги спои и им донесе позивитна атмосфера.
Генерацијата, која матурирала во 1967-ма година најпрво се собраа во пред училиштето, го овековечија свечениот момент со заедничка фотографија, а потоа средбата ја продолжија во училница.
„Иако сме во помал број, треба да сме задоволни, ние сепак сме во трето доба од животот и многумина од генерацијата не се веќе меѓу нас. Од името на иницијативниот одбор за одбележување на матурата, ви благодарам од срце што одвоивте време и дојдовте да се видиме, собрани сме не само гостиварци, дојдоа и од Прилеп, Скопје…Нема никогаш да се откажеме и понатаму ќе одбележуваме матура, дај боже 60 годишнина да дочекаме, да бидеме здрави и живи, ви посакувам долг и среќен живот со вашите најмили“, рече Ратко Ѓиноски, еден од иницијаторите на прославата.
На собирот со едноминутно молчење им беше оддадена почит на починатите соученици, откако претходно беа прочитани нивните имиња.
Матурантите прославата ќе ја продолжуваат со заедничка веселба.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022