Вести
Епидемија на варичела во неколку градови, во Гостивар состојбата е стабилна
За разлика од неколку други градови во Македонија, каде има епидемија на овчи сипаници, во Гостивар состојбата со ова заболување е стабилна. Медицинските служби не бележат зголемување на бројката на заразени.
Евиденцијата на епидемиолошкото одделение во Гостивар покажува дека месецов има само неколку случаи на варичела, исто како и во декември. На годишно ниво, за 2016-та регистрирани се вкупно 116 пациенти со овчи сипаници. „Тоа е вообичаена и очекувана бројка, што значи дека состојбата е стабилна“, оценува епидемиологот, прим. д-р Војислав Огњаноски.
Варичелата се сметаат за детска болест и најголемиот дел од заразените, околу 70% се деца на училишна возраст. Последните години епидемиолозите регистрираат и повозрасни пациенти кај кои обично клиничката слика, за разлика од децата, е потешка.
Овчите сипаници спаѓаат во најинфективните заболувања, се пренесуваат преку непосреден контакт, кашлање, кивање, дури и преку зборување.
Во Скопје само во јануари со варичела се заразиле над 200 лица, а во целата земја има околу 500 заболени.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар