Поврзи се со нас

Вести

Ердоган од Астана повика на праведно завршување на руско-украинската војна

Објавено

на

Турција повикува на праведен крај на руско-украинската војна и верува дека постојат дипломатски начини за решение и покрај сложеноста на одредени прашања. Тоа го изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на шестиот состанок на Конференцијата за соработка и градење доверба во Азија што се одржува во Астана, Казахстан.

Турскиот лидер повика на продолжување на дијалогот за да се постигне „итен прекин на крвопролевањето“ во Украина.

Тој рече дека човештвото минува низ сложен период на промена на рамнотежата на силите на светската сцена, за што е потребна реформа на Обединетите нации.

„Турција долго време посочува дека светот е повеќе од пет (постојани членки на Советот за безбедност на ОН) држави, што дополнително дава значење на реформите во светската организација. Жителите на сите земји споделуваат заедничка судбина. Пандемијата уште еднаш го потврди тој факт“, рече Ердоган.

Според него, глобалната безбедносна архитектура мора да се формира врз основа на нова перцепција заснована врз поголема правичност и застапеност на земјите и регионите.

Претседателот на Турција обрна внимание и на безбедносните предизвици, нагласувајќи ја важноста од борбата против сите обиди за поддршка на терористичките организации. Ердоган како неприфатлив го посочи диференцираниот пристап кон криминалните организации.

Тој се осврна и на ситуацијата во Авганистан и ја повика меѓународната заедница „да не го остава авганистанскиот народ сам со своите проблеми“, истакнувајќи дека Анкара ја дава сета помош што може.

„Денешна Турција е светски лидер по однос издвојувањето хуманитарна помош, гледано според бруто домашниот производ“, рече Ердоган посочувајќи дека таа ставка веќе достигнала 5,6 милијарди долари.

Ердоган уште еднаш ја искористи можноста да нагласи на присуството на над четири милиони бегалци и мигранти во Турција.

По однос економската соработка меѓу земјите, тој истакна дека Анкара се декларира за развој на транспортни коридори, за создавање нов пат на свилата што ќе ја поврзе Азија со Европа.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 39 минути

Сообраќајот по влажни коловози, застои нема

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Гостиварпред 15 часа

Лични документи можат да се подигнат и во среда

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

За гласање утре во Гостивар пријавени 129 болни и немоќни, во Врапчиште 30

Гостиварпред 17 часа

Верни на традицијата-ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт во четврток

Гостиварпред 19 часа

Ученици од Гостивар создаваа ликовни дела според прочитани книги

Македонијапред 20 часа

Горивата со нови цени од ноќеска на полноќ

Гостиварпред 20 часа

Гостиварец со остар предмет се обидел да го нападне обезбедувањето во казино

Вестипред 22 часа

Ден на планетата Земја годинава на тема „Планетата против пластиката“

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена